Таг: академија пандев

Пандев: Вратата во Академија Пандев е отворена за сите деца, желба е да стигнеме до младинската ЛШ

Горан Пандев не се повлекува од својата академија, туку напротив осумчлениот борд на директори во Њујорк одлучил токму тој да биде претседател. Најавува многу новитети меѓу кои тренери од Италија, како и фокус на работа со младите.

Дно дна потег на фудбалер на Шкендија

2.688-ма грда епизода во нашиот кутар и беден мак фудбал кој тоне во безредие и самоволие. Талентот на сезоната е дефанзивецот на Шкендија Сабит Билали кој прво турна играч на Академија Пандев, потоа вториот го нокаутираше, па го рогна.

Академија Пандев направи кафанска прослава за душа за излезот во Европа

Во 2010-та почнаа како академија, во 2014-та направија сениорски тим, во 2017-та влегоа во прва лига, а од тогаш редат импресивни успеси: Освоија Куп на Македонија и втора година по ред ќе се борат во квалификации за меѓународна сцена. Живели момци, собиранкава ви е скроз заслужена.

Репортажа на германски Goal за Академија Пандев

Во 2010-та станаа академија, во 2014-та направија сениорски тим, во 2017-та влегоа во прва лига, во 2019-та освоија Куп, а во 2020-та играа квалификации за Лига Европа. Плус работат со многу деца и се наметнуваат како расадник на таленти меѓу кои бараат и наследници на Горан.

Селска финта во мак фудбалот, последен пат видена во 90-те

Селската финта совршено се вклопи во мега популарната Фејсбук страница „Сеоски фудбал“, која е насочена главно кон балканштината. Горд на неа е навивач на ФК Скопје во дуел со играч на Академија Пандев. Значи зборуваме за прва лига.

Четири голмани месечари во мак фудбалот

Спортската среда ја одбележа полуфиналето од ЛШ меѓу ПСЖ и Манчестер Сити 1:2, а паралелно кај нас се играше коло во кое се броеа голмански грешки, вкупнo четири на три меча. Фатени во рацете беа голманите на Пелистер, Академија Пандев, Работнички и Шкендија.

ЕСПН одбележа 1 година од епскиот циркуз во мак фудбалот

Да, една година помина, а срамот беше преголем и уште е. Плус не се случи во некоја селска, туку во прва лига на мечот Македонија Ѓорче Петров - Академија Пандев. Ви благодариме ЕСПН што вака петочки нè насмеавте и не вративте на оваа неповторлива и безвременска сцена.

Пандев: Како да продолжам да инвестирам кога немаме ни услови ни заштита, само топки ни даваат од федерација

Капитенот на Македонија го образложи статусот на Инстаграм со кој ја нападна ФФМ дека не се грижи и не им помага на македонски клубови, туку важни им се само личните интереси.

Пандев распали против ФФМ: „Срамно е и жално“

Најзаслужниот што Македонија ќе игра на едно Европско првенство, капитенот Горан Пандев на својот Инстаграм профил напиша долга објава и се закани дека ќе се повлече од македонскиот клупски фудбал ако нешто не се смени.

Циркуз на векот на фудбалски меч во Ѓорче

Се вика Стефан Костов, игра во прва македонска лига, а направи потег кој не поминува ни на натпревар меѓу Долно Коњари и Врапчиште. Каков црвен бе, дечко ти си за Оскар.

По само 30 секунди од трибините во Кратово се слушна ова

Што се вика уште не почнати, незагреани и се разбира без грешка на терен, бидејќи од мечот Силекс - Академија Пандев беа поминати само 30 секунди, некој веќе само тој знае како и зошто беше инспириран да го украси преносот на МТВ со збор кој ќе го чуете на крајот на видеото.

Има надеж за нашиот фудбал

Не дека е добро што во Радовиш нема каде да тренира или можеби има некоја послаба понуда, како и тоа што не му се овозможува редовен превоз, сепак тука е многу битна желбата. Браво бе дете.

Коментар на денот за маестралните македонски екипи во Европа

Откако Шкендија, Шкупи, Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев направија “дар мар“ уште во првото квалификациско коло за излез во Европа, а Шкендија синоќа загуби дома од Дуделанж од Луксембург и во ЛЕ, колегата Филе има добар предлог.

Ѕвезди од Серија А и Премиер лига тренираат во Струмица

Академија Пандев денеска е во големо исчекување бидејќи ќе го дознае противникот за првиот историски европски настап. Во меѓувреме во нивната база пристигнаа две изненадувања од кои едниот има освоено ЛШ, а другиот скоро беше финалист во ЛЕ.

Клубот кој го создаде Горан Пандев за младите и брат му

Налетавме на текст за Академија Пандев која 9 години по формирањето на академијата и 5 години откако има прв тим, успеа синоќа да го освои Купот на Македонија. Го објавил португалски сајт пред два месеци со помош на еден од дечките кои го работат macedonianfootball.com.

Македонска фудбалска реалноста во два потега

Во 30-то коло од македонската лига паднаа два гола по два комични кикса кои заслужуваат истрага која ниту ќе се случи, ниту па некој ќе помисли да го помрдне газот да ја спроведе. Маалските турнири се сфаќаат посериозно од нашата бедна прва лига каде веќе и кравите во терените - ливади, знаат дека има пазар.

Прекрасен гол на македонски бисер против Англија У19

Фудбалерите на Македонија до 19 години го играат квалификацискиот меч за Европското првенство У19 против Англија. Иако ги изгубивме сите шанси за пласман на турнирот во Финска летово, Јани Атанасов од Академија Пандев покажа зошто јавноста го смета за наш најталентиран фудбалер.

Горан Пандев најави кампови, школи и ново Куп натпреварување со 144 екипи

Фудбалската приказна „Академија Пандев“ која почна пред 7 години се развива успешно и доста амбициозно. Спортскиот центар кој го гради Пандев ќе чини 4,6 милиони евра. 15 деца од таму се веќе репрезентативци.

Малиот Трапановски по стапките на Пандев

Фудбалскиот колектив Академија Пандев од Струмица е на радарот на многу италијански клубови, особено по настапите на турнирот во Вијареџо. Кристијан Трапановски e на проба во Интер.

Пандев се врати во Вијареџо и играше против Интер

На турнирот на кој некогаш блескаше Горан Пандев, сега игра неговата Академија Пандев, екипа која загуби од бранителот на титулата Интер со 4:0 на отворањето.