Шкендија му бега 9 бода на Вардар на лидерската позиција, а на гостувањето против Беласица која се бори за опстанок играше со втор тим. Тоа е нелогично бидејќи прво до крај има уште 6 кола, значи титулата не им е обезбедна и второ: Што? Да не ги чуваат првотимците за полуфинале во ЛШ?
Шкендија по квалитет е драстично подобра од Беласица, ама не и според коефициентот во кладилница кој прво паѓал за победа на Беласица, а потоа мечот и го повлекле од понуда. Знаете како заврши?
Беласица - Шкендија конечни 2:1 со трагикомичен автогол на гостите.
64' Own Goal Shkendija: Egzon Bejtulai
— Football Macedonia (@MacedonianFoot) April 24, 2019
Bejtulai has had a nightmare
Belasica 2-0 Shkendija pic.twitter.com/n3TiRG8lTl
На првиот гол гостите беа како заспани во одбрана
4' GOAL Belasica: Pepi Gorgiev
— Football Macedonia (@MacedonianFoot) April 24, 2019
Belasica 1-0 Shkendija pic.twitter.com/xEdnqZVgma
Другиот сомнеж се случи на мечот Шкупи - Академија Пандев 1:0 со гол во 86-та минута. А голот што да ви кажеме. Погледне како интервенираше голманот.
86' Goal Shkupi: Besar Iseni
— Football Macedonia (@MacedonianFoot) April 24, 2019
The 3rd howler of the day
Shkupi 1-0 Akademija Pandev pic.twitter.com/bt3DGDJnd7
Во Македонија треба да постои само репрезентативен фудбал.