Прекрасен гол на македонски бисер против Англија У19

Фудбалерите на Македонија до 19 години го играат квалификацискиот меч за Европското првенство У19 против Англија. Иако ги изгубивме сите шанси за пласман на турнирот во Финска летово, Јани Атанасов од Академија Пандев покажа зошто јавноста го смета за наш најталентиран фудбалер.