Изненадувањата се викаат Горан Пандев и Дејан Илиев, струмички деца. Едниот го создаде овој проект кој од академија стигна до формирање на прв тим кој ќе се претстави во Европа, а другиот е трет голман на Арсенал.
Пандев и Илиев се на одмор и кондицијата решија да ја одржуваат во родниот град. Ѕвездата на Џенова е прв активен играч во историјата кој истовремено е и газда на друг клуб кој ќе се појави на европска сцена.
Илиев нема никаква поврзаност со оваа академија, туку напротив пред заминувањето во Арсенал во 2012-та, почна да се кали во Беласица.
Академија Пандев денеска заедно со Македонија Ѓорче Петров и Шкупи ќе ги дознаат противниците за првото квалификациско коло во Лига Европа.
Нема да им дојде лошо ова искуство па макар имале само еден тренинг со освојувачот на ЛШ и финалистот во ЛЕ.