Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Драмата во Италија за топ 4, каде Јуве има сериозни шанси да остане без ЛШ

После една таква апсолутна доминација, се очекуваше некој да им ја прекине серијата од 9 Скудета во низа, ама не да им биде загрозено и местото во ЛШ, особено со таков состав и Роналдо во тим.

Вие на овесни снегулки да не бевте викендов?

Мауаса Фету од Рен денеска на понеделнички тренинг за домашно ќе добие вежбање слободни удари, а за Бентакур не знаеме што да искоментираме. Од тоа што се гледа е дека и ја подаде на трибината.

Што им направи бе Кеси?

Ноншарлантниот изведен пенал на Кеси паѓа во вода затоа што Милан го тресна јако Јуве со 0:3, а Френк Кеси во еден момент со опасен потег им го зема паметот на Де Лихт и Рабио.

Дончиќ нервозен удри под појас, па го исклучија

Далас убедливо со 124:97 го смачка Кливленд Кавалирс и стигна до 40. победа во регуларната сезона. Мечот остана во сенка на исклучувањето на Лука Дончиќ кој не издржа провокации од ривалот Сакстон и со тупаница го удри под појасот и го турна.

Жиру, овој брат по евроголови да не ти е?

Стразбур и Монпеље дадоа вкупно 5 гола и на крај победија гостите со 2:3. Во 49' минута Монпеље водеше 0:3 по чудесните ножички на Гаетан Лаборд.

Супер гол на Наташа Андонова за Леванте

Во малото дерби на шпанскиот фудбал, Еспањол и Леванте одиграа 1-1. Резултатот го отвори нашата Наташа Андонова која постигна супер гол и го прослави во стилот на Кристијано Роналдо.

Тежок срам во Ѓорче, со три топки дозволија да се игра

Мислевме дека со две ни е рекорд, ама една година после циркузот на векот во Ѓорче Петров, имаме уште еден нов циркуз на векот, овој пат со три топки. Шкендија во финишот дава гол за конечни 3:4 против Македонија Ѓорче Петров, а децата од страна фрлаа топки за да им ја спречат контрата на гостите. Македонската прва СЕЛСКА лига пуштена на најјако.

Мајсторски гол на Ребиќ, Јуве е во зона на Лига Европа

Феноменална победа на Милан во дербито на колото против Јувентус на гости од 0:3. Старата дама е на колена и дефинитивно е во криза која може да ја плати со неиграње во Лига на шампиони.

Македонија го доби првиот таеквондист на Олимписки Игри во историјата

Од првото историско учество на македонски спортисти на Олимписки игри сме немале учесник во таеквондо. Овојпат Дејан Георгиевски направи подвиг во квалификациите и обезбеди виза за летниот спектакл во Токио кој цел свет го очекува.

Шоу на Митревски и тоа фудбалско

Нов блесок на голманот на Македонија во португалскиот шампионат и тоа во големото дерби Порто - Спортинг. Домаќините славеа 33:30 благодарение најмногу на јуначките интервенции на Никола, особено во клучните моменти на 30:30.

Химната на Македонија за ЕП 2020

Снименa е на еден куп локации низ Македонија со еден куп фаци, што познати, што рандом кои се пријавиле за да бидат дел химната која го одбележува историскиот момент на нашата фудбалска репрезентација. Убаво го спакувале. Се вика „Одиме на Европско првенство“.

Можеше нормално да се насмееш, али добро

Можеби ќе ја препознате по га... На Роналдно жена му де, Георгина.

Дончиќ vs Дурент, школски

Нема, со Лука не можеш да садиш краставици, па дури и да се викаш Кевин Дурент со 10 години повеќе во газот. Колку само лесно си го изработи.

Лестер 2016-та, незаборавно и неповторливо

Каква сезона беше тоа во Премиер лигата. Шамар за гигантите, парите, елитата. Па и за творците на Суперлигата. На денешен ден пред точно 5 години, цел град горд и срце полно. Преубава приказна.

Статистиката на ПСЖ со и без Нејмар

Бразилската ѕвезда во ПСЖ е далеку од тоа што е на пример еден Меси за Барселона, се согласувате нели? Пазете ги сега овие бројки. Ништо не се менува во однос на победи кога тој е во составот, напротив кога го нема во тим помалку губат. Можеби неочекувано, ама вистинито.

Кога голманот на Стеауа фатил 4 пенали во финале против Барселона за европска титула

Непишаното правило дека за да се биде голман треба посебна „дарба“, не само талент за фудбал, одлично се гледа и по примерот на еден легендарен романски голман кој влезе во легендата по необична пенал серија во финале на Куп на европски шампиони.

Господин Лига Европа - 5-ти пат ќе игра во финале

Унаи Емери треба да го добие трофејот во Лига Европа во траен посед. Како тренер играл во овој турнир седум пати, до полуфинале стигнал шест пати а пет пати во финале.

Лозари Исток добија своја лименка!

Наше македонско пиво за 30 години постоење на кавадаречките навивачи!

Добро е, пантерот на Вардар се исправи на нозе

Убави вести пристигнуваат од Негорски Бањи, каде во моментов се рехабилитира најголемата голманска легенда на Вардар, Драган Мутибариќ.

Лука Дончиќ го скроти дрим-тимот на Бруклин

Бруклин Нетс од „нигде-никаде“ среде сезона направи страшен состав кој треба да конкурира за титулата. Кевин Дурент, Блејк Грифин, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден ќе го напаѓаат пехарот, ама како стојат работите формата им е во надолна линија. Далас Мавс им го нанесе четвртиот пораз во низа 113-109.

Новак Ѓоковиќ на експедиција во босанските пирамиди

Најдобиот светски тенисер по трет пат го посети култното место во Босна и Херцеговина. Претходно таму беше со родителите и сопругата а сега ги понел и децата. Водич му беше познатиот Семир Османагиќ.

Мароканец принудно стави голмански ракавици и стана суперхерој

Луда работа е ова што се случи во Мароко. Ќе изгледаш и ќе помислиш дека секој може да биде голман, а не е така.

Само во Романија го има ова

И славната фејсбук страница „Селски фудбал“ сигурно ќе се изненади што случкава не се случува во селска лига. Не другари, ова е во првата романска лига и тоа во таборот на второпласираниот Клуж. Синоќа славеа на гости против Академика, ама си заборавија еден играч по име Овидиу Хобан.

Македонија доби елитна група на Европско првенство 2022

Следната 2022-ра, од 14 јануари до 30 јануари ќе се одигра 15-то ракометно Европско првенство. Домаќини ќе бидат Унгарија и Словачка во вкупно 5 сали.