Offside

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Да видиме што има да каже стрип јунакот Загор за Евро 2020

Толку му се навртеа на шпанскиот центарфор кој даваше важни голови ама и промашуваше уште поважни шанси, што муабетот стигна и до славниот „Дух со секира“.

Пица на денот во англиско - италијански стил

Да сме ние во прашање би ја сквернавеле со ајвар, едно 15 ќебапи и пол кило кромид, ама сега им оставиме простор на финалиститите да видиме како тие би ја одиграле заедно. Секој според својата кујна нели?

Математичарот кој промаши клучен пенал на Евро 1996, сега е во прво европско финале за Англија

Во неговата играчка ера англискиот фудбал важеше за најлуд: со ексценричниот Гаскоњ, хулигани на многу страни и груба игра на сите терени. Но во таков амбиент Гарет Саутгејт уште од рана возраст се двоел од другите по својата култура, речитост и писменост.

Аман дај го Џорџо

Фативме да му броиме колку пати кажа дај Џорџо, дај Џорџо, дај Џорџо. 47 пати, а едно време на сец го фати. Тоа е таа италијанска страст за фудбал додека Жоржињо го изведуваше пеналот против Шпанија вреден финале.

Како се вика најдобриот стрелец на ЕП 2020?

Автогол. Тоа е “фудбалерот“ кој треба да ја добие Златната копачка на овој турнир. Им бега 6 гола на Роналдо и Шик, а може да го стигне само Кејн, ама ако даде 7 гола во финале.

Зошто судијата не гледаше ВАР на толку зборување за ВАР?

По беспрекорно организирано Европско, во средата вечер се случи прва голема судиска грешка која што ја изреволтира јавноста. Данска е грубо оштетена за непостоечки пенал и тоа среде продолженија.

Девојчето кое доби дрес од Мејсон Маунт

Ниту една петка во школо, ниту една симпатија, ниту еден одмор со другарките, ништо не е повозбудливо од чувството да имаш оригинален дрес кој го носел некои од твоите идои. Хит стана нејзината реакција.

Падобранец во ВАР собата на Вембли

Гори Твитерот и Фејсбукот после големата судиска неправда која синоќа и се случи на Данска. За пеналот реагираат и медиумите и разни фудбалски имиња, а кога веќе работата е завршена некои почнаа и да се мајтапат со моќта на Англија.

А со ласерот во очи на Шмајхел што правиме?

Со гол од одбиена топка по одбранет контроверзен пенал во продолженијата, Англија се пласираше во големото финале на Европско првенство. За време на изведувањето на Кејн, на голманот Шмајхел му светеа со ласер од трибините.

Со две топки се одигра акцијата клучна за финале

Ние се смееме на мак фудбалот, кога неодамна имаше циркузи со повеќе од една топка на терен, а тоа да ти проаѓа глатко и на едно Европско првенство и тоа во полуфинале.

Данец од Динамо Загреб се посрамоти како прв пат да гледа топка

Актуелниот шампион на Хрватска го совлада Валур од Исланд со 3:2 во првото квалификациско коло за ЛШ. Адеми даде два гола, промаши пенал за хет-трик, а неговиот колега од одбрана Расмус Лауритсен имаше реакција за која како да ви кажеме.

Адеми шоу во Лига на шампиони со два атрактивни гола

Динамо Загреб со триумф ја започна новата сезона во квалификациите за ЛШ, а во центарот на вниманието е македонскиот репрезентативец кој за жал промаши пенал и пропушти златна шанса за хет-трик.

Нова 120 минутна драма и прво историско финале на ЕП за Англија

Вембли е во транс, а и цела Англија откако нивните фудбалери за прв им го пружија задоволството да ги гледаат во финале на Европско првенство. Иако беа фаворити се изнамачија и дури во продолженија ја елиминираа Данска. Израмнија со автогол, а победија со многу контроверзен пенал.

Им касни преносот, чекај ќе ги снимам

Полуфиналето во Данска се гледа во секое ќоше, па дури и на улица меѓу две згради. Данец кој го следеше мечот од дома, сконта дека на навивачите надвор бајаги им касни преносот, па им ги снимаше реакциите прво кога се радуваа за 1:0, а потоа кога беа очајни поради автоголот на Кјаер.

Двете јуначки интервенции на Шмајхел

Данска извади 1:1 во регуларните 90 минути и го издржа жестокиот протисок на фаворитот. Англичаните имаа посед, но и две доста сериозни шанси за да ги избегнат продолженијата, особено приликата на Стерлинг во првиот дел.

Еврогол на Данска за прв погодок на ЕП директно од слободен удар

Заврши серијата на Џордан Пикфорд од седум натпревари без примен гол, а му ја прекина Микел Дамсгард во 30-та минута со мајсторија од слободен удар. Гледаме одлични први 45 минути на Вембли. Англичаните се вратија по само 9 минути за 1:1 на полувреме.

Тешкиот пат на Рахим Стерлинг на кого на 2 години му го убиле таткото

Најдобриот фудбалер на англиската репрезентација на Евро 2020 имал мошне тешко детство кое во една прилика го опишал еден негов наставник. Денес е предводник на селекцијата од која што милиони очекуваат да стане европски шампион.

Виери и Матри во делириум за финалето на Италија

Алесандро беше привремен репрезентативец на Италија, а Бобо освои две ЕП по ред со У-21, во 1994-та и 1996-та и учествуваше на сениорското 2004-та. Виери со Роберто Баџо и Паоло Роси се најдобри стрелци за Италија на Мундијалите со по 9 гола. Кафански ја тераа вчера и ептен беа среќни.

Првите татко и син кои дале голови на Европски првенства

Прекрасна историја ги врзува Евро 1996 и Евро 2020.

Шмајхел ги истрола Англичаните за "It's coming home".

Нивната славна фраза ја верглаа на Мундијалот 2018-та ама зарибаа во полуфинале против Хрватска. Сега повторно стигнаа до топ 4 и сонуваат трофеј половина век, што е премногу за земја од каде потекнува фудбалот. Каспер им го спушти.

Јанис се врати силен како бик, ама Феникс поведе 1-0 во НБА финалето

Фантастичен баскет на двата најдобри тима во моментов во НБА, финале какво што доликува. Во Аризона, пред своите гледачи Санс поведоа со 1:0.

Јаки кадри од камерата задолжена само за Меси на пеналите

Крв, солзи, пот. Меси стварно не се штеди никогаш кога игра за својата Аргентина. Дава сè од себе кога и да го облече саканиот дрес а тоа го покажа и летово кога блеска на Копа Америка и ги одведе гаучосите во финале, каде ќе се борат за 15-та титула, прва по онаа од далечната 1993-та!

Парола на денот

Не е Европско ако Италијанците не му дадат убав шмек. Што со отпеана химна ко да се иде на фронт, што со шармантни девојки со триколорето, што со досетливи пароли. Па браво!

И во Копа Америка имаше пенал шоу по кое Аргентина стана финалист

Италија синоќа ја совлада Шпанија со 4:2 на пенали. Аргентина па ја совлада Колумбија со 3:2 на пенали. И двата меча завршија 1:1 по 90 минути и беа полуфиналиња на ист тип на натпревари. Два телевизори беа потребни.