Offside

Ако голманот на Зеленортски Острови Возиња беше хит откако оваа селекција успеа да освои бод против европскиот шампион Шпанија и да одигра 0-0, сега голманот на Курасао го надмина и постави нов светски рекорд во број на одбрани на натпревар од Светско првенство.

Чудесниот гол на Хајдук од мртов агол

Хрватите ја отворија сезоната, а викендов се играа натпреварите од 2. коло. Осијек го доби Хајдук на гости со 1:2 и тоа со пресврт, а потегот на мечот го има Марко Ливаја кој го отвори резултатот со ретко видена мајсторија, која е уште послатка кога се гледа од навивачки агол.

Историскиот деби олимписки настап на Лука Дончиќ

Ману Џинобили кој тежи 4 НБА титули, титула во Евролига и златен медал на Олимпијада, за настапот на словенечкиот феномен против неговата Аргентина напиша: Страшна доминација на Дончиќ. Ѕвер.

Гледаш таеквондо на Олимпијада и ти се појавува Бруно од Манчестер

Мохамед Калил од Тунис е хит во Токио и со фацката која ја има, може многу лесно да добие посебен третман во некој бар или ресторан, каде газдата е навивач на Манчестер Јунајтед.

Ќе и мешам на оградата ако освоиш златен медал

Аријан Титмус од Австралија е освојувачка на злато во дисциплината 400 метри слободно, откако во финале ја победи Кети Ледеки. Камерманите не знаеја каде попрво да се задржат, дали на нејзиното славје или на тренерот Дин Боксал кој имаше експлозија од емоции.

Се мечува на Олимпијада, а се радува како Роналдо

Мохамед Елсајед од Египет го победи трикратниот светски првак во мечување Јаник Борел. Радоста беше голема, ама и фудбалска благодарение на влијателниот Кристијано Роналдо.

Младалачкиот дух на Џиџи Буфон

Со полни 43 години, 26 годишен фудбалски стаж составен од 930 клупски и 176 репрезентативни настапи, 10 Скудета и освоено Светско, Џиџи не се трга од гол за жива глава, а летово изненади и се врати таму каде што ги облече ракавиците во 1995-та.

Како тоа 7 гола за 35 минути?

Се сеќавате кога Левандовски за 9 минути му даде 5 комада на Волфсбург, а Гвардиола се држеше за глава? Епа Душан начека нисколигаш и го наполни со 7 за едно полувреме.

Играш фудбал и ти влетува непоканет напаѓач

Непријатната сцена се случува на локален фудбалски натпревар во Боливија, а инаку се работи за мало торнадо кое за среќа не повреди никого.

Мали не заигруваш ти пак во Баерн

20 годишниот Џошуа Зиркзе на почетокот на годинава беше испратен на позајмица во Парма. Епа нека се спрема за нова сезонава, бидејќи ваква ноншалантност пред гол во Минхен се не простува. Баерн и Ајакс одиграа 2:2.

Арбреша Реџепи го заврши олимпискиот настап за 1 минута

Македонската џудистка која денеска се појави како трет наш претставник на игрите во Токио, издржа само една рунда во првото коло.

Нов државен рекорд за Бранковски на ЛОИ

Репрезентативецот во спортско стрелаштво, Борјан Бранковски е првиот македонски олимпиец кој настапи во Токио.

Филип Деркоски заврши последен на 400 метри слободно

Вториот македонски претставник го одработи својот настап на Летните Олимписки игри во Токио со подобро остварено време од пријавеното.

Упад на Ѓоковиќ кај белгиските гимнастичарки

Светскиот рекет број 1 има 20 Гренд слем титули, ама и многу чувство за забава која сигурно му помага да се релаксира и да излезе од строгиот режим на живот кој го бара неговото врвно ниво на кое се натпреварува.

Маршот на Македонија во Токио

Македонската делегација продефилираше на Летните Олимписки игри во Токио, а знамето гордо го вееше Дејан Георгиевски кој е дел од осуммината наши претставници и кој има највисоки амбиции.

Палењето на олимпискиот оган, Токио 1964

Јапонците денеска не ја празнуваат за прв пат најголемата спортска манифестација на планетата. Домаќини беа и пред 57 години, а честа да го запали оганот ја имаше 19 годишниот Јоширони Сакаи, првиот роден во Хирошима после лансирањето на атомската бомба.

Босански коментатор одлепи на еврогол

Омаре Пршечу, па ти тузлански сине, рече коментаторот кој беше во транс после оваа убавина од мечот Вележ Мостар - АЕК во Конференциската лига. На почеток како да остана без глас од што беше возбуден. 2:1 тепаа Босанците.

Чичо да ви покаже една Пеле мајсторија

Бразилецот Артур Кабрал од Базел синоќа против Партизани во квалификациите на Конференциската лига, изведе велемајсторија по која ние немаме што повеќе да додадеме, освен да ја изгледаме едно 5-6 пати.

Милвоки е во транс, шампионите се појавија на улица

По пауза од 50 години, Милвоки Бакс ја слави шампионската титула во НБА лигата. Јанис и другарите направија парада со отворен автобус и го извадија цел град на нозе.

Кој ќе ја претставува Македонија на Олимписките игри во Токио?

Европското во фудбал заврши и му ја префрли топката на друг поголем настан од денеска па до 8 август да ни го прави летото поубаво. Нашите претставници се веќе таму, па да фрлиме око кој се ќе биде битка на глобалниот спортски спектакл.

Го освои Европското ама најкултурно застана да чека ред во месарница

Домашно воспитување, почит, елеганција на нормалноста. Стана шампион на Европа и поради вакво шампионско однесување, пишува Кориере дела Сера за потегот на Роберто Манчини.

Ако да се игра пак без навивачи?

Четворица му влегоа со тупаници и пак не се дава и им се враќа за да јаде уште ќотек. Инаку се случува во САД на бејзбол меч.

Ерера го ремети Рохо за противпожарниот апарат

Иако сцените од Копа Либертадорес не беа смешни и беа далеку од нормала за професионални фудбалери, сепак фоткава денеска му дава друг шмек на настанот. Андер Херера од ПСЖ се мајтапи со нападот на Маркос Рохо од Бока Јуниорс и на заедничка фотка од времето кога играа заедно за Манчестер Јунајтед му го измонтира в рака апаратот.

Српска тенисерка сама на себе си се смееше за потегот

Ја имаме тениската утка на годината, па и повеќе од тоа. Се случи на турнир во Италија во женска конкуренција, а циркузот е дело на 20 годишната Олга Даниловиќ која не можеше да издржи и на глас се клештеше откако го промаши цело топче во обид за смеч.

Спалети: Елмас е шампион и знае да се снајде на повеќе позиции

Џенаро Гатузо во Наполи е минато, а тоа како што стојат работите тоа може да биде од голема корист за една од главните алки во играта на македонската репрезентација. Лучано Спалети две минути го фалеше.