
Во една смешна епизода, судијата Дуги Смит го изгубил жолтиот картон некаде по теренот. Го нашол никој друг до најлудиот фудбалер кој некогаш играл во Британија - култниот англиски репрезентативец Пол Гаскоњ.
И тргнува Гаскоњ накај судијата да му го врати и во шега му покажува жолт картон. Ама на Смит не му било до шега и во одговор стварно му дава жолт картон на Газа. Цел стадион во неверица:
Интересно, ова бил петти жолт картон за Гаскоњ во сезоната и го суспендирале два меча. Поради отсуство на смисла за хумор кај глупиот судија Смит, Газа го пропуштил големото дерби со Селтик.
Сезоната Гаскоњ освоил двојна круна со Ренџерс, а победата во финалето на Купот на Шкотска го прославил вака: