
Во 16’ минута од мечот Лестер - Ливерпул се случи момент на кој следбениците на Премиер лига не се навикнати: Мо Салах не искористи пенал.
Египќанецот сам си го заработи пеналот кој над него го направи стоперот Вилфред Ндиди. Мохамед Салах зема подолг залет и шутираше директно во голманот Шмајхел кој му го одби шутот
Интересно Салах натрча на одбиената топка која беше во воздух, скокна и се обиде да ја погоди мрежата но неговиот шут со глава заврши во пречка
На тој начин Каспер Шмајхел ја прекина долгата серија на Мохамед Салах. Крилниот напаѓач на Ливерпул и еден од најдобрите фудбалери на денешницата имаше до синоќа 15 погодени пенали по ред во Премиер лига:
Хадерсфилд
Њукасл
Арсенал
Брајтон
Арсенал
Тотенхем
Вест Хем
Лидс Јунајед
Лидс Јунајтед
Вест Хем
Манчестер Сити
Фулам
Манчестер Сити
Челси
Астон Вила
Овој промашен пенал синоќа на „Кинг Пауер“ во Лестер каде Ливерпул изгуби 1:0 е само втор промашен за Салах во Премиер лига. Претходниот кој беше негов прв пенал во Премиер лига се случи на 28 октомври 2017 против Хадерсфилд. Тогаш голманот Јонас Лесл кој интересно исто е Данец како Шмајхел, му одбрани пенал на идолот на навивачите на Ливерпул.
Од тој момент па до синоќа Мо Салах не промаши од пенал и тоа против добри пеналџии како Бернд Лено, Лукаш Фабијански, Едерсон и особено Емилијано Мартинез.
Каспер Шмајхел има одлични 7 одбранети од 39 пенали во Премиер лига. А Салах во септември не даде гол ни против Милан во Лига на шампиони.
Синот на легендарниот Питер Шмајхел после мечот изјави дека едноставно имал претчуство и верувал во себе.
Интересно, неодамна Ливерпул го декласираше Вотфорд со 5:0. Голманот на Вотфорд Бен Фостер дури пет пати ја вадел топката од мрежа, а после мечот Салах му пришол и го прашал: „Ако шутирав пенал, во кој агол ќе се фрлеше“? Англискиот голман подоцна раскажал: „Само што ме праша тоа, си помислив ааа ти си паметен дечко. Некогаш се спремаме, сите голмани ги изучуваат напаѓачите. Ние гледаме како ги извеле последните четири или десет пенали. На пример, последните пет на Салах беа на голманска десна страна. Така и му одговорив: „Десно, зошто ти тука ги шутираше последните пет“.