
Се работи за пријателски неофицијален натпревар против Баскија кој се одигра во нетипичен термин за репрезентативен фудбал, на три дена пред нова година.
Васоски, Седлоски, Шумуликоски, Попов, Гроздановски и компанија се судрија со Мендиета, Чаби Алонсо и Ечебериа, како најголеми ѕвезди во тоа време во спротивниот табор.
Заврши 1:1, а само 7 минути по водството на домаќинот, Артим Шаќири на Баскијците им покажа дека освен што е опасен кога изведува корнер, ризично е да го остават сам во шеснаесетник.