Македонија на ЕП на македонски канал со македонски коментатор

На две недели до стартот на Европското ракометно првенство, се случи пресврт во однос на емитувањето на натпреварите. МТВ успеа да нè израдува.

И покрај тоа што немаше никаква најава од некоја македонска телевизија и се очекуваше Европското во ракомет да оди на Арена спорт, која е сопственик на тв правата, сепак на крај пристигнаа убави вести.

Македонската ракометна репрезентација ќе ја гледаме на македонска телевизија со македонски коментатор. Нешто што не оди баш глатко за добивање, со оглед на моќта на специјализираните спортски канали кои држат монопол последниве години.

Информацијата на Фејсбук ја сподели главниот уредник на спортската редакција на МТВ, Драган Николовски, кои соопшти детали:

- директни преноси во термините од 18.00 и од 20.30 часот во групната фаза, а потоа и од 15.30, од 18.00 и од 20.30 во главната рунда

- специјални студиски емисии со еминентни гости и стручни анализи пред натпреварите на Македонија, како и пред полуфиналето и финалето.

Македонија на ЕП 2022 ќе игра во група со Данска, Словенија и Црна Гора, а првиот натпревар е против Словенците на 13 јануари.

30 декември 2021 - 12:48