Offside

Ако голманот на Зеленортски Острови Возиња беше хит откако оваа селекција успеа да освои бод против европскиот шампион Шпанија и да одигра 0-0, сега голманот на Курасао го надмина и постави нов светски рекорд во број на одбрани на натпревар од Светско првенство.

Директорот на церемонијата за отворањето на Олимпијада доби отказ

Стара снимка од 90-те со шега за холокаустот, пресуди кај принципиелните Јапонци да го отпуштат главниот лик кој стои за церемонијата и тоа на ден пред да се случи.

Видеото кое најдобро ги демонстрира емоциите на Јанис за титулата

Во 2014-та твитна дека никогаш нема да го напушти Милвоки сè додека не изградат тим на шампионско ниво, твит на кој се воодушеви и Коби и му постави цел. Целиот труд и напорна работа надополнети со тешкото минато без пари, документи и мачење во сиромаштија ги содржат овие солзи.

Твит на денот на најмладата пливачка во Токио

Лана Пудар од БиХ направи сензација откако освои три медали на Европско јуниорско првенство во пливање: Злато на 100 метри пеперутка и сребро на 50 и 200 метри во истата дисциплина. Со само 15 години таа ќе биде најмлата пливачка на Олимписките игри.

Фан на Бешикташ ги изнасмеа навивачите на ПСВ на меч против Галатасарај

Со хет-трикот на Захави и двата гола на Марио Геце, ПСВ го потепа Галатасарај со 5:1 во квалификациите за ЛШ. Навивач од трибини во еден момент ја фати топката и направи шоу мавтајќи со шал од Бешикташ.

Албански репрезентативец со хет-трик испиша историја во Барселона

Почнаа подготвителните натпревари низ европските лиги и додека ѕвездите од Европско се на одмор, простор има за играчи од вторите тимови или младинскиот погон, кои имаат прилика да се докажат.

За поништен гол со ВАР ќе се заколеа во Копа Либертадорес

Во Јужна Америка им дише мозокот кога треба да се бара правда на фудбалски натпревар, посебно кога има бразилско-аргентинско ривалство. Не се знаеше кој со кого се тепа, а Мархос Рохо зема апарат за гаснење пожар ко да е багабонд, а не фудбалер.

Продадено, Јаков ќе добие парична помош

По 24 часа заврши аукцијата за помош на двегодишниот Јаков, на кој му е потребна помош за лекување во странство. Уникатната фотографија која ја изработи Бобан Алексовски, потпишана од сите репрезентативци кои беа на ЕП, продадена е за двојно поголема сума од првично поставената.

Ветераните на Барселона и Реал направија шоу во Тел Авив

Реал Мадрид го доби Ел Класико во Израел, во натпревар на кој паднаа пет гола и каде резултат е во втор план. Спектаклот го гледаа околу 30.000 гледачи на стадионот Блумфилд. Роналдињо даде гол.

Од беден живот во Грција 18 години на црно, до тронот во НБА

Мајкл Џордан и Леброн Џејмс ги освоија првите шампионски титули на 27 години. Јанис Андетокумбо на 26. И тоа со минато како уличен продавач без документи, кој бил на штрек да не го фати полиција.

Тениска магија во режија на Беноа Пер

Пред три недели се глупираше на Вимблдон и намерно губеше поени, а сега на АТП турнирот во Швајцарија се истакна со неверојатна тениска генијалност. Изведе волеј удар кој беше толку посебен што доби чудесна ротација и тапна во двете полиња. Словакот Ковалик беше немоќен.

Експлозија на Јанис со 50 поени, за прва НБА титула на Милвоки после 50 години

Со неверојатен пресврт од 0:2 на 4:2 во финалната серија, Милвоки ја врати титулата во својот дом по пауза од половина век. Бакси станаа само втор тим во историјата на НБА после Мајами во 2006-та, кој успеал да се врати и да направи ваков подвиг.

Закачи ги Пандев и другарите на ѕид и помогни му на Јаков

За историската фотографија од македонската фудбалска репрезентација и натаму нема купец. Одиме со втор обид, повторно од хуманитарни понуди и тоа овој пат за помош на две годишно дете.

Јако друштво во очи на Ел Класико со легенди

Пресов е во очи на големото дерби кое вечерва ќе се игра во Тел Авив, а на кое ќе учествуваат Роналдињо, Ривалдо, Деко, Мендиета, Савиола, Де Бур, Роберто Карлос, Фиго, Касиљас...Инаку е во режија на Барселона која организира егзибициски натпревари за промоција на клубот низ цел свет.

Еден од најјаките соло продори на Меси

Еден во коментари пишал: Не можам да сфатам како го направи ова. Друг вели: Дриблингот е луд, а додавањето е уште подобро. А трет поентира вака: Не може да се споредуваат Роналдо и Меси, бидејќи Меси не е од оваа планета.

Како Италија со жесток пресинг и антиципација ги умртви противниците на ЕП

Европското 2020-та дефинитивно ќе се памети по освојувањето на титулата на еднa поинаква Италија од досегашната на која бевме навикнати. Тактика со која Манчини покажа модерен и допадлив фудбал, без да ги загуби традиционалните предности на италијанската игра.

Опасно добра акробација на Келн против Баерн

Германските бундеслигаши одиграа пријателски натпревар со втори екипи. Келн славеше 3:2, а потегот на мечот ала Златан Ибрахимовиќ, го изведе Марк Ут.

И после снукерот не бил интересен

Треба да знаеш да разбиеш. После е лесно.

Најголемата криминална местенка уништена со два намерни автогола

Го имаме врвот на наместените натпревари и тоа во прволигашки фудбал, каде сите од прв до последен треба да одат во затвор. Подобро ќе беше да му ја земеле лентата на камерманот за ова да не го види никој.

Што претставува 19 јули за Барселона?

Не играше многу долго во врвна форма како на пример Меси кој никако не паѓа, ама тоа што го одигра тие сезони беше магично. Чиста привилегија за гледање и уживање. Нескротлив лудак со топка кој не можеш да го демантираш.

Најјаката ракометна одбрана направена во фудбал

Запознајте го Бенто Матеус Крепски, 22 годишно дете на Атлетико Параненсе, кое има само пет прволигашки настапи во бразилскиот шампионат. Нема тука ништо фудбалско во неговата реакцијата, туку класичен ракометен инстинкт, кој е лудачки со оглед на тоа од каде му ја фати. Како пајак му се постави.

Какви се тие анти-секс кревети на Олимпијадата?

Наводно биле картонски за да не издржат повеќе од еден, што би било ризик за ширење на корона вирусот и би се кршеле од многу мрдање. После игрите планирале да ги рециклираат. Ирскиот гимнастичар Рис Мекленахан со демант, што значи во Токио може да падне секс и во кревет.

Четирикратен светски првак во Формула 1 собираше ѓубре од трибини

Себастијан Фетел не ја заврши трката за големата награда на Велика Британија, но покажа дека е општествена одговорна личност, без разлика што е славен спортист.

Кога Пандев го прати Кјелини на физикална терапија

Снимкава е стара едно 12 години и јаче од мечот Јувентус - Лацио. Ама кога ќе ти влета рандом, особено од вакви јунаци од тазе завршеното Европско, не можеш да ја игнорираш. Некако жал ни падна за Џорџо, се исчаши цел кутриот.

Сударот во Ф1 по кој Хамилтон славеше победа, а Верстапен го критикуваше од болница

Луис Хамилтон победи на трката за ГН на Велика Британија со што стигна до победа број 99 во Формула 1 шампионатот. Трка која беше во прекин половина час поради голем инцидент.