Бобо Виери: „Во неволја сме, ќе биде многу тешко да се победи Македонија“

Некогашниот центарфор на Интер, Јувентус, Лацио и Атлетико Мадрид, кој жареше и палеше пред противничките голмани, сега води своја емисија на неговиот профил на Твич. Фудбалски настани коментира со Касано, Никола Вентола и Даниеле Леле Адани. Во интервју за Кориере дела Сера Виери даде неколку интересни одговори. 

Виери ужива во фудбалска пензија. Активен е на социјални мрежи, го викаат по емисии, гостува по телевизии и разни медиуми. Сега даде интервју за Кориере дела Сера.

„Уживав многу во првата полусезона (на Серија А). Видов голема желба за фудбал, да се унапредува својата игра, многу добри нешта за Серија А. Веќе не се доминира очигледно на провинциските терени, каде има смели, организирани тимови кои веќе не ги играат натпреварите само да ја ограничат штетата или да чепнат нерешено. Секогаш нешто се случува, дури и кога прогнозата вели само едно“.

Кристијан Виери, на кого би му ја дале наградата за играч на првата полусезона?

„На Влаховиќ без сомнеж. Он е најсилниот напаѓач во Европа, заедно со Халанд. Дури и на меѓународно ниво го ставам Халанд па Влаховиќ втор“.

А тренер?

„На Винченцо Италијано кој со Фиорентина прави многу интересна работа. Новите сопственици на виола после серија катастрофални избори, конечно се реши за млад, храбар тренер на кој му се игра фудбал. Фиорентина нуди преубав фудбал, посвеж, забавен со многу млади дечки, го заслужуваат местото на табела (7-ми од 20 екипши, со 32 бода).

Има нешто што негативно ве изненади?

„Никаквата игра на Јуве“.

Објаснете ни повеќе.

„Ги гледам сите екипи со напаѓачки пристап, додека Јувентус секогаш стои многу позади и нуди стерилен, стоечки фудбал. Еден е од најважните и најпрестижни клубови на свет, има супериорни играчи на средина, не може да игра толку лош фудбал, неприфатливо е. Ме изненадија многу негативно и до ден-денес сигурно се најголемо разочарување на сезоната“.

Аталанта непријатно изненади во последниве кола. Да не се плашат од висина?

„Гасперини прави нешто што никогаш не е видено според мене во некоја реалност. Мислам тука на Клаудио Раниери и на неговото спектакуларно чудо со Лестер, да се освои Премиер лига со таков клуб беше ремек дело. После Лестер се врати во средината. Аталанта веќе четири години е во Лига на шампиони, втора, трета, четврта, секогаш е таму. Кога играв јас, екипа како Аталанта правеше голема забава ако се спасеше еден месец пред крај. Сега со Гасперини се меѓу најголемите. Голема е Аталанта, нема разговор. Со години се бори за Лига на шампиони, секогаш е поблизу до тој што води на табела во првенсво. Неверојатна работа“.

Најмногу некако запна горе таму Наполи, дали поради многуте отсуства?

„Повреди, умор, други работи, ама и кикснаа дома три пати. Значи не е само умор или повреди. Да не бараат алиби. Со Специја треба да победиш како и да е. И Милан и Рома имаа многу проблеми физички и сите поминаа низ проблеми, тоа е дел од играта. Првенството е долго, се игра често, доаѓа зима, има настинки... Кога ќе слушнам некои такви изговори го исклучувам телевизорот. Повторувам сите имаат проблеми во една толку долга сезона и за да се стигне на крај треба да се управуваат некои ситуации со ладни глави и интелегенција. Ако стварно си јак, под секоја точка, на крајот ќе дојдеш кај треба да бидеш“.

Мислите дека трката за скудето е само меѓу првите актуелни четири екипи на табела?

„Да, според мене да. Позади не гледам екипи појаки од Интер, Милан, Наполи и Аталанта.“

Ибра дефинитивно старее?

„Остарен е како сите 40-годишници, ама ја става топката во гол редовно. Секако, не можеш да му бараш да трча цел натпревар, не може тоа да го прави, ама и натаму е важен во противнички шеснаестерци. Уште е способен да посрамоти која било одбрана“.

Милан може ли да оди до крајот?

„Да, сигурен сум. Покажа и во Емполи каде победи на еден многу тежок терен. Штом се опоравија некои важни играчи, Тео Ернандез пред сите, се смени музиката. Играат секогаш да победат, напаѓаат, во две години стекнаа важен менталитет. Фудбалот на Милан е интензивен, брз. Кеси воглавно е најважен, треба да игра секогаш на ова ниво“.

Изненадени сте од Симоне Инзаги?

„Изгледаше дека без Лукаку и Хакими можеби е готово за Интер. И сите помисливме дека нераѕурите ќе имаат потешкотија без некои играчи. Паметно што го земаа Џеко, дечко со врвен квалитет, немаше подобар играч за да го замени Лукаку. Го доведоа и Кореа: заедно, Босанецот и Аргентинецот ги гарантираат головите на Лукаку. На место се. Секако, Хакими е незаменлив, но Дармијан има нешто тактички и технички и пред се има Дамфрис, неверојатно созреан во последните недели“.

Интер е ваш фаворит за скудето?

„Да, сите играчи даваат максимум од нивните можности. Од засилувањата, Чаланоглу е неверојатен, но сите се на највисоко ниво. Инзаги им даде на дечките ментална слобода која веројатно со Конте ја немаа, исто и од поглед на генералната структура на екипата. Симоне понуди поинакви солуции на игра, во отсуство на претходник како Лукаку“.

Како ви се чини Антонио Конте во Тотенхем?

„Исклучителен тренер е, ќе направи сигурно голема работа. Не е лесно да се шириш во оваа страшно компетитивна Премиер, но со време ќе знае да изгради голема екипа“.

Репрезентацијата?

„Мама миа“.

Патот до Светско е најтежок.

„Западнавме во голема неволја. Ќе биде многу тешко да се победи Македонија и после Турција или Португалија на гости. Ќе има неверојатен притисок а со сиот тој притисок е многу тешко да се игра“.

Имаме ли играчи спремни да се носат со таква ситуација?

„Дечките освоија големо Европско, знаат колку вреди и тежи дресот на аѕурите. Повторувам, треба еден клучен чекор: на Европско немаше моралност да се победи, доволен беше еден убав турнир и убав фудбал. Сега мора да поминеш две кола без многу разговор. Италија на Светско мора да биде. Повторувам, расте притисокот и ќе ја видиме издржливоста на сите дечки“.

А во напад некако сме слаби...

„Полека, не е така, секогаш го имаме големиот бомбардер од нашето првенство, Чиро Имобиле. Тој треба да помогне многу на овие два меча. Тука се и Скамака и Распадори, иднината не е црна“.

Би му дале првотимски статус на Скамака?

„Не знам, имаме голем селектор кој ќе знае да одлучи што е најдобро. Сигурно Скамака е многу силен и го покажува тоа“.

Божиќ поминавте со Ковид: ова ли е Божиќниот филм на Бобо Виери?

„За жал да. Имав две вакцини, требав да заминам на одмор, не бев баш најдобро и тестот беше позитивен. Ги поминав Божиќ и празниците затворен во соба со настинка, треска и по некоја болка“.

Ќеркичките како го прифатија тоа?

„Зборувам со нив преку ФејсТајм, знаат дека имам настинка и дека треба да бидат подалеку неколку дена.... Исклучителна тага, дечки“. 

28 декември 2021 - 10:51