Бомбастичниот погодок на Балотели кој на големо се коментира во Турција

Турскиот шампионат беше еден од ретките кој викендов понуди фудбал, а таму дуел имаа Марио Балотели и Адис Јаховиќ. Заврши 1:1, а Италијанецот го постигна голот на колото.

Брливиот Балотели во 16 минута од средбата испали убавина од проектил со кој го отвори резултат, а домаќините во 77-ма минута извадија бод со помош на автогол за Гезтепе - Адана Демирспор конечни 1:1.

За Марио Балотели ова е осми гол сезонава за Адана на 20 настапи. Македонскиот репрезентативец, Адис Јаховиќ беше стартер и сменет по еден час игра.

Турците го анализираа голчиштето на италијанскиот напаѓач и заклучија дека ударот од 26 метри се движи со брзина од 123 километри на час.

Сè проаѓа, сè се менува, само глупоста на Балотели останува

27 декември 2021 - 07:40