
„Игравме пред празни трибини поради пандемијата и знаеме како е, со гледачи и без нив е неспоредливо. Не ми е јасно како може никој на стадионите да не носи маска. Има луѓе на стадионите кои не носат маски и тоа ме изненадува најмногу. Одиш по улица, одиш по големи молови, во места да купиш подароци за фамилијата и никој не носи маска“