Каито Џонс има само 10 години, живее во Сингапур, а дома е познат како хард кор навивач на Астон Вила на кој му е сон да стапне на Вила Парк и да го бодри својот омилен клуб во живо.
Мајка му направила големо изненадување за Божиќ, а тоа е патување во Англија на мечот Астон Вила – Барнли.
Малиот пукал од радост и кога пристигнал бил да се опреми со фан шопот на Астон Вила, каде ја слушнал најлошата можна вест која може да му се случи во врска со натпреварот.
Го одложиле поради зголемен број на позитивни случаи во тимот. Моментот кога дознал го раскажува татко му.
„Зборуваше со мене на видео повик додека купуваше дрес, а еден од позади му дофрли дека мечот е откажан. Каито беше апсолутно уништен. На почетокот не можеше да поверува и мислеше дека е шега, но потоа сфати и беше многу тажен што нема да ги гледа во живо.
Еден од неговите први пижами беа комплет од Астон Вила. Неговата гардероба од тогаш се состои од фудбалска опрема на Астон Вила“, раскажува татко му Дени.
Инаку Каито е Британец роден во Сингапур, а неговиот прадедо Фреди Џонс бил фудбалер кој играл за Брајтон.
Во меѓувреме се случува пресврт, кец у два.
Лук 1977, бренд за облека кој е еден од спонзорите на Астон Вила, дознава за срушениот сон на Каито и му дава две карти за Астон Вила - Челси кој се одигра веќе следното коло на 26 декември.
🤷♂️ Better to watch Villa beat Chelsea instead of Burnley, Kaito...
— LUKE 1977 (@LukeRoper) December 22, 2021
🦁 Enjoy the game on Boxing Day, your tickets are on the way#AVFC #PartOfThePride https://t.co/7i6BG6D2mD