„Тој бил на скијање заедно со група на обична патека. Му помагал на пријател кој паднал во снег, но се удрил во камен и паднал на глава. Имал страшен удар иако не скијал брзо“, го опишала тогаш настанот неговата менаџерка Сабина Кем.
Големиот пилот од Формула 1 преживеал кома, операција и само брзината на лекарскиот тим му го спасила животот. За жал не поминал без повреди на мозокот.
„Шумахер доживеал многу сериозна повреда. Тој беше во голем шок кога дојде со лекарите, сфативме дека е во критична состојба и брзо го ставивме во вештачка кома. Откако му извршивме неврохируршка интервенција, добивме приличен број на информации. Моравме итно да дејствуваме за да го намалиме притисокот во мозокот. За жал тој има оштетување на мозокот“, изјавиле од клиниката.
Од вештачка кома излегол дури во 2014-та, на 6-ти април кога поранешниот колега на Шумахер, Фелипе Маса потврдил дека „Црвениот барон“ реагира на глас.
„Прво Михаел реагираше само на болки. Но тоа може да биде и несвесна реакција. Во време на мојата последна посета, сфатив дека ситуацијата се менува на подобро. Осетив олеснување кај неговото семејство“.
А на 18 јуни 2014 универзитетската болница во Лозана официјално потврдила: тој е во свесна состојба.
„Одвреме-навреме е во сознание. Уште не зборува, но има близок контакт со блиските околу него. Докторите и семејството разговараат со него, но многу брзо се заморува и му треба одмор“.
На 9 септември Михаел се вратил дома на брегот на Женевското езеро за продолжување на рехабилитацијата. Со него биле 15 членови на медицински персонал за постојан надзор - лекари, медицински сестри, терапевти.
Од тогаш до сега за неговата состојба не се појавија многу информации, особено не официјални. Семејството следи линија на максимална доверливост и не сака да открива ништо. Затоа за неговата состојба јавноста дознаваше по откривање на оние на кои им била допуштена средба.
На пример во летото 2016, префектот на Папскиот дом и личен секретар на Папа Бенедикт XVI Георг Генсвајн бил во посета на Шумахер и раскажал:
„Јас седнав до него, го фатив за рака, го гледав и го видов познатото лице на Михаел Шумахер освен што е малку пополно. Тој чувствува дека околу него се неговите сакани луѓе кои се грижат за него и слава на Бога, го држат подалеку од погледите на љубопитната публика. Не сакав да се молам на лице место зошто не можев да знам дали тоа го сака Михаел. Видно беше дека Мајкл сфаќа што се случува околу него и дека води внатрешен дијалог со себе. Можеше буквално да се почуствува дека блискоста со семејството му е многу важна“.
Во декември 2018-та поранешниот шеф на ФИА и поранешен менаџер на Ферари Жан Тод изјавил дека со Шумахер заедно ја гледале трката за ГН на Бразил во Швајцарија.
После во 2019 и 2020 се појавија вести дека е можно да му се направи експериментално лекување со матични ќелии и брза операција но сите биле лажни вести. Докторот на Михаел, Филип Менаше паралелно со работата во советот на директори на Институтот при париската болница Пите-Салпетре се занимавал уште и со експерименти со матични ќелии.
ИМА ЛИ СВЕЖИ НОВОСТИ ЗА НЕГОВАТА СОСТОЈБА?
Воглавно индиректно, на пример од поранешната жена на Флавио Бријаторе, Елизабета Грегорачи (Бријаторе го водеше првиот шампионски тим на Шуми - Бенетон и секогаш одржувал блиски врски со Германецот).
„Он (Михаел) не разговара, тој општи со очи. Само тројца луѓе допуштаат кај него. Преселени се во Шпанија и жена му направила болница во куќата“, рекла Грегорачи за италијанскиот Медијасет.
Често се појавуваа и вести за продажба на луксузната вила на брегот на Женевското езеро за 59 милиони евра со цел да се продолжи рехабилитацијата на Шуми.
„Често се гледам со Михаел, го посетувам еднаш, два пати месечно. Продолжува да се бори, а ние можеме само да му посакаме нему и на неговото семејство што подобро тој да закрепнува. Михаел е опкружен од сакани луѓе. Се наоѓа во комфорни услови. И секако, ја следи кариерата на син му“, рекол во ноември годинава Жан Тод.
Но седумкратниот светски шампион уште не може да разговара.
Син му Мик (22) кој е новајлија во Формула 1, во документарката на Нетфликс за легендарниот шампион вели:
„Мислам дека сега со татко ми би се разбирале поинаку. Едноставно ние зборуваме на ист јазик - јазикот на автоспортот. Ќе имавме многу теми на разговор. Сега голем дел од времето мислам на трките, така што би било баш добро. Се би дал само за тоа. Од тој момент кога се случи инцидентот, тоа искуство, тие моменти од кариерата за кои верувам дека многумина ги споделуваат со своите родители или им се тука присутни, на мој поглед е помалку неправедно сето тоа“.
Сопругата на Шумахер неодамна дала официјална изјава и рекла дека за лекување на легендата веќе потрошиле 20 милиони фунти, дека лекувањето и животот продолжуваат, нему му е комфорно но се уште не може да зборува.
„Секако дека ми недостига Михаел. Ми недостасува секој ден. Секако на сите ни недостасува, на децата, на семејството, на татко му, на сите кои му се блиски. На сите ни фали Михаел но на крајот тој е со нас секако. Стана поинаков, но тука е и тоа ни дава снага“.