Саудискиот принц го купува и Интер, миланскиот клуб ќе стане најбогат на свет

Саудискиот инвестициски фонд наскоро ќе го преземе раководењето со италијански Интер, пренесоа медиумите од оваа земја. Државниот фонд предводен од Саудиска Арабија се проценува дека тежи околу 350 милијарди долари. Веќе го купија премиерлигашот Њукасл во Англија за 300 милиони долари а за Интер ќе одвојат речиси милијарда долари.

Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија (PIF) веќе купил контролен пакет акции во Интер за скоро 1 милијарда долари, а остануваат да се решат само некои правни прашања.

Досега Интер го водеше кинеската корпорација Suning која веќе две години на големо бараше инвеститор „кој ќе им ги скрати финансиските маки“ во Милано. Кинезите имаа 70% од акциите на Интер. Ги купија „нераѕурите“ во 2016-та, но поради тешка финансиска ситуација во 2020-та не само што не вложуваа многу пари во клубот туку после освоеното скудето решија да ги продадат најдобрите фудбалери на екипата - Лукаку и Хакими.

И покрај промените, Интер сезонава е прв во Серија А а ќе игра и во осминафинале на Лига на шампиони.

Исто и тренерот Антонио Конте го напушти клубот од причина што кинеските газди не биле спремни да инвестираат во нови играчи и што ги продале најдобрите фудбалери.

Интер ќе стане втор клуб под закрила на Саудискиот инвестициски фонд (PIF). Тие неодамна го купија Њукасл. Саудиска Арабија сака да стане важен играч во фудбалскиот свет и сака да ги стигне конкурентните ОАЕ и Катар кои во бизнисот на спортот се веќе од поодамна: Манчестер Сити и ПСЖ се клубови под нивна власт.

Инаку гласини дека Саудијците ќе го купуваат Интер се појавија уште на почеток на годинава, но миланскиот клуб одлучно ги негираше. Компанијата Suning и на 10 декември соопшти дека се дистанцира од таквите гласини, но на крај испадна дека само не сакале јавно да зборуваат за зделката додека се не е готово.

ЗОШТО ОВА Ѝ ТРЕБА НА САУДИСКА АРАБИЈА?

Да почнеме од фактот дека PIF е државен инвестициски фонд кој и припаѓа на Саудиска Арабија и со кој управува наследникот принц Мохамед Бин Салман. Во 2009-та година тој станал советник на татко му Салман, тогаш уште гувернер на провинцијата Ријад. За 8 години Бин Салман напредувал дури до должноста наследник принц и главен човек во земјата. Кралот Салман сега има 86 години.

Мухамед станал принц во 2017-та и тогаш го презел антикорупцискиот комитет на земјата и иницирал големи и масовни апсења и затворања меѓу членови на кралското семејство - обвинети за корупција биле 11 принца кои биле и осудени, а севкупно на суд се појавиле околу 500 лица. 

Благодарение на таа акција Бин Салман презел кнтрола над трите најважни гранки на власт. Фракцијата на кралот Абдал веќе изгубила какво било влијание.

Мухамед Бин Салман раководи со диверсификација на економијата на Саудиска Арбија - така го нарекуваат проектот Vision 2030 кој се нарекува дури и MBS Vision по неговите иницијали. Со овој проект земјата сака да:

1. Стане помалку зависна од нафта
2. Да се отвори повеќе за туризмот, за туристи од Америка и Европа
3. Да стекне поугледен имиџ меѓу најголемите трговски парнтери (под Мухамед Бин Салман почнале да издаваат туристички визи, а во 2018-та жените стекнале некои права меѓу кои и она да полагаат за возачка дозвола).

Но и покрај сите обиди за некаква либерализација, Бин Салман и Саудиска Арабија жестоко ги критикуваат за нарушување на човековите права. Во 2018-та година кога ѕверски бил убиен новинарот Џамал Хашоги, Мухамед го обвиниле за организација на убиството кое се случи во саудиската амбасада во Истанбул.

Наводно Бин Салман го организирал убиството затоа што Хашоги редовно го критикувал во колумни објавени во Саудиска Арабија и САД.

Затоа задачата на Vision 2030 не е само диверсификација на економијата, туку и создавање на прав имиџ за земјата во светот. Во западната терминологија има термин Sportwashing или во превод „обелување преку спортот“. Авторитарни режими како тој во Саудиска Арабија, инвестираат огромни средства во западните компании и клубови, а тие прашања ги поставуваат организациите за човекови права чии позиции во западниот свет се силни.

„Како и во Формула 1, во елитен бокс, голф или тенис, приближувањето кон елитниот фудбал стана многу привлечно средство за ребрендинг на земјата или човек со сомнителна репутација“, рекол директорот на Амнести Интернешнл Саша Дешмук.

Саудиските компании имаат многу спонзорски договори. Пример Сауди Арамко е државен нафтен монополист кој има највисока капитализација на светот. Оваа компанија неодамна донела етапа на Формула 1 во Саудиска Арабија (претпоследна беше во сезонава 2021).

Интер и Њукасл не се единствена цел на Саудијците во фудбалот. Интересен наводно им е и Марсеј како и еден бразилски топ клуб, вели Андреа Ѕанон, меѓународен консултант по технологии, спорт и управување кој консултирал повеќе од 15 министри за финансии на Блискиот исток.

„Преземањето на овие клубови одговара со стратешките инвестиции приоритетни за проектот Вижн 2030 (клучни биле 13 сектори на економија, вклучувајќи ги тука фудбалот и туризмот) и тоа е основа за трансформација на Саудиска Арабија“, рекол Ѕанон.

Очигледно фудбалот добива нов голем играч.

30 декември 2021 - 10:25