Холгер Бадштубер е еден од оние играчи на кои кариерата не му отиде по пат по каков сакаше да му оди. Или требаше да му оди. Или едноставно мораше. Со истрајност и борбен дух дури 6 пати се врати на терен после многу тешки повреди. На крајот мораше да ја прифати малерозната судбина.
Во потрага по нов дизајн во разни бои на дресови кои би биле уште попривлечни за навивачите, големите светски клубови малку како да застранија, па така гледаме гарнитури кои никогаш не биле препознатлив знак на одредени клубови.
Се местеше, најде позиција од каде можеше како Фиго да му ја свитка на голманот на втора и на крај се усрами. Штета, а можеше да стекне светска слава како судија. Комичниот момент ни од доаѓа од мечот Варта Познан - Легија Варшава.
На сите спортски колективи и тоа како им фалат гледачите, песната на навивачите, публиката, па многу топ европски лиги се обидуваат да ги отворат своите стадиони во скоро време.
Тешко е да бидеш ѕвезда во лига каде играат ликови од типот на Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо. Ама па него уво не го боли за споредби, туку чека само Инѕаги да му рече „Ајде влагај“ и потоа им го вади во шеснаесетник, капацитетот за решавање натпревари во судиско.
Неколку француски фудбалери би можеле да изгубат место во репрезентацијата поради лајкови на инстаграм. Пред сите стоперот и дете на ПСЖ Преснел Кимпембе и Јусеф Атал од Ница.
Не е секој играч кадарен да може вака неприродно да ги вкрсти нозете и да направи ваква совршена рабона. Погледнете го 21 годишниот Бразилец Матеус Куња од Херта. За ова треба тренинг, но и спонтаност. Ај што му ја даде, него и топката се уштека во место баш кога требаше.
Новата сезона во кошаркарското првенство почна килаво, со задоцнување, препукување за кога и како да почне и се разбира без публика поради срањето кое годинава го искомпликува животот. Но се најде начин да му се оддаде почит на Гокси, на местото каде што уживаше да биде секој викенд.
Навивачите на Партизан во последните години викаат дека без седативи за смирување не седнувале да го гледаат нивниот фудбалски, а посебно не кошаркарскиот тим. Видеово треба/мора да го одгледате до крај за да сфатите зошто:
Во Италија минатиов викенд го одбележа кој друг ако не Златан Ибрахимовиќ со фантастичен гол за победа, ама и враќањето на Кристијано Роналдо после изолацијата.
Без публика и со ехо слушнете до колку боли кога играч ќе скине лигаменти на колено. Страшно. Инаку се работи за големиот талент Зињо Ванхојсден кој Стандард му го плати на Интер 12,5 милиони, што е рекорден трансфер во Белгија.
Дава гол во стил на најдобрите плејмејкери во 90+5та минута од мечот, па му се случува нешто што ни на крај памет не му падна. Голманот на Вињарос против Пенискола во младинската шпанска лига Примера Регионал.
Градското дерби Џенова - Сампдорија заврши 1:1, Пандев го одигра цел натпревар, а негов удар кон гол во магла се гледаше во пренос поради факел, веројатно лансиран од зад трибини. На беше трибини беше празно, а судијата покажуваше нагоре со прстот.
Луд меч во Холандија одиграа Емен и Феенорд. Домаќинот два пати водеше и тоа со играч помалку поради црвен картон во 36' минута, ама гостите се извадија и на крај славеа 2:3 со гол во 90'+4 минута. Погледнете го голов на Микаел Де Леув во 42' минута:
После толку време во Ливерпул и Барнли некој би помислил дека англискиот шпиц има 30 и кусур години и е пред пензија. А тој има 28 години и сезонава блеска: 5 гола и 2 асистенции во 7 кола за Саутемптон кој во моментов е на место кое води во Европа.
Кроација - Цибалија, втора лига на Хрватска. Во последните минути од мечот додека гостите водат со 0-1, домаќинот добива пенал. Решава да го изведе Томислав Мркоњиќ, најдобриот играч на домаќините кој почнува да си врзува копачки и да мести штуцни.
Што и да каже и колку и да се прави џек на твитер или пред камери, има право. Целосно покритие за тоа што го зборува му е импресивната игра зачинета со голови и асистенции со кои Милан не знае за пораз.
Сасуоло е една од трите екипи заедно со Јуве и Милан која нема пораз после 6 кола во Серија А. Денеска го изненади Наполи на гости со 0:2, a погледнете што им направи на крај 22 годишниот Максим Лопез кој го земаа на позајмица од Марсеј пред неполн месец.
Италијанците повторно се враќаат на драматични бројки со преку 30.000 заболени на ден, што е рекорд за нивна територија. Славниот Виери кој работи како кокоментатор, најде начин како да оди на работа.
Арсенал синоќа го победи ирски Дандалк во 2. коло од Лига Европа со 3:0 и тоа беше прв натпревар од 1. јули на кој „топџиите“ не примија гол на домашен терен. А мечот го одбележа уште една занимливост.
Фотографија како најдобар доказ за времето во кое живееме. Место да разговараат меѓу себе како во второ или како да ги елиминираат грешките на следната доколку ова е сликано после утакмица, тие земале лајкови да бројат и да видат што има на стори.