Кристијано Роналдо по 19-дневниот карантин повторно заигра фудбал. На мечот против Специја на гости кој Јуве го доби со 1-4, Португалецот (на свое барање останал на клупа за резерви) влезе во игра во 59' минута наместо Дибала и постигна 2 гола - погоди после само 126 секунди на теренот:
Јувентус после голот на Мората со кој го отворија резултатот прими гол и со 1:1 се мачеше повеќе од половина час. А со Роналдо шампионот постигна 3 гола за 17 минути и стигнаа до убедлив триумф од 1:4.
Кристијано Роналдо го постигна и четвртиот, последен гол на мечот, од пенал, со школска паненка:
Ова беше втор „дубл“ по ред за Роналдо за Јувентус. Не играше за екипата повеќе од 1 месец, пропушти два меча во Серија А и 2 во Лига на шампиони, а кога играше последен пат на 20 септември против Рома исто постигна 2 гола.
Ова е втор „дубл“ на Португалскиот ас во кариерата откако влегува од клупа за резерви. Претходниот се случил пред 14 години - во декември 2006-та додека уште играше за Манчестер Јунајтед (против Виган). Ова е уште еден доказ колку ретко Кристијано влегувал од клупа за резерви.
На последните 16 меча за Јувентус Роналдо има 18 гола. Серијата ја почна од крајот на јуни кога постигна гол на 6 кола по ред а не се радуваше на погодок во полуфиналето и финалето на Купот.
Без голови на Роналдо или воопшто без него, Јувентус победил само еднаш на 8 меча и тоа во првото коло од ЛШ против Динамо Киев. Во моментов Јувентус заостанува 4 бода зад лидерот Милан а интересен е и личниот дуел на Роналдо со Златан Ибрахимовиќ на листата на стрелци - Швеѓанецот има 7 гола, Португалецот 5 но со помалку одиграни натпревари. Ќе се судрат меѓу себе во јануари 2021.