Златан Ибрахимовиќ четири натпревари беше во аут поради тоа што беше позитивен на Ковид 19, но речиси никој повеќе како да не се сеќава на тоа.
Се врати и на три меча во низа експлодираше со 5 погодоци. Прво го реши градското дерби со два комада, потоа и даде уште два на Рома, а денеска сам го суреди Удинезе.
Ете така изгледа неговата импресивна серија откако се врати на терен. Не му треба него враќање во кондициона форма или штелување на нишанот.
Златан на Милан му донесе повеќе работи како свежина, искуство, атмосфера и авторитет во соблекувална и што е најважно голови.
И пред и по неговиот карантин, сезонава е играч број 1 во тимот на Пиоли и во моментов прв стрелец во Серија А со 7 гола.
Викендов сите го величаат неговиот кунг фу потег со кој беше највисок во шеснаесетникот на Удинезе и тоа со нога, гол со кој го реши мечот. Претходно ја прими мајсторски во шеснаесетник, му се постави како столб на чуварот, се загради и му ја даде на тацна на Кеси за 0:1.
Ете тоа е Ибра. На 39 години еден куп други напаѓачи сега се бивши играчи кои се тркалаат со стомаци.
Why run when you can fly pic.twitter.com/zNLK8H5hB0
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 1, 2020