Offside

После Германија, репрезентацијата на Турција е втор финалист на Европското 2025 откако во полуфинале ја нокаутираше Грција со 26 разлика!

Одбраната на Јунајтед е боранија

Не можеш да му најдеш НЗС на Манчестер Јунајтед. Дома примаат 6 парчиња од Тотенхем, па го тепаат ПСЖ на гости. Потоа го газат дома Лајпциг, па го јадат од Арсенал. Три дена подоцна на Башакшехир му одиграа во одбрана која недозволива во јуниорска категорија.

Во 2016 Дин Хендерсон од трибини го славел првиот гол на Рашфорд, сега играат заедно

На мечот во Истанбул каде Манчестер изгуби од Башакшехир со 2:1, во Лига на шампиони дебитираше младиот 23-годишен голман на Јунајтед Дин Хендерсон кој му е резерва на Де Хеа.

Малиот на Динамо да ги урами фоткиве од Камп Ноу за внуците

18 годишниот Руслан Нешчерет сигурно не спиел две ноќи по ред. Првата затоа што ќе треба да брани против Барселона во ЛШ, а втората бидејќи на Меси му фати чудесија од слободен удар.

Кога Кире ќе се крене на 9 метри се тресе голот од ударот

Македонската ракометна репрезентација лесно ја збриша Финска 33:24 на првиот квалификациски меч за ЕП 2022. Капитенот ги потепа гостите со 11 погодоци, а ЕХФ издвои еден проектил и напиша „Жива легенда“ за нашиот лидер кој гази и на 40 години.

Детето кое дебитираше против Меси и Барселона и се прослави

Фудбалот стварно знае да режира чудни нешта. Пред мечот со Барселона, Динамо Киев останува без 13 првотимци (9 позитивни, 3 повреди и 1 суспензија). Намерата им е што помалку да ја вадат топката од мрежа. На крај губат само со 2-1, а јунак на вечерта беше 18-годишниот Руслан Нешчерет кого принудно го прекомандувале од Б тимот и кој до пред 2 дена не ни сонувал дека ќе брани против Меси.

Луда вечер во Лига на шампиони: 6 пенали, црвени картони и голови

Како ретко кога, вечерва во Лига на шампиони беа досудени 6 пенали од кои 5 се реализираа и се доделија 4 црвени картони. Челси и Јувентус сигурни, Барселона климаво и едвај против кутриот Динамо Киев, Севиља до луд пресврт со играч помалку.

Гризман, па ова си го давал со врзани очи

Динамо Киев допатува со само 13 фудбалери во Барселона поради тоа што еден куп играчи биле позитивни на вирусот. Им се предвидуваше катастрофа а во првите 45 минути примија само 1 гол и тоа од пенал реализиран од Меси. А можеше да биде 2:0.

Манчестер Јунајтед се сопна на „Фатих Терим“

Со фантастична игра турскиот шампион го урна тимот на Солскјер кој продолжува по системот топло-ладно. „Црвените ѓаволи“ во последно може секого да победат, но и од секого да изгубат. Лацио кој играше без клучните играчи Имобиле, Леива, Стракоша, Луис Алберто, освои бод во Русија.

Три години е во Италија а збор не научи италијански

Пасквале Бруно важи за еден од најгрубите фудбалери кој играл во Италија. Со Јувентус освоил Куп на УЕФА и Куп на Италија,со Торино Куп на УЕФА, играл уште и за неколку италијански клубови, па патот го носи во соодветната за него Британија. За Кристијано вели дека е игнорант кој цели 3 години не кажал збор на италијански.

Необјавена снимка од соблекувалната на Звезда кога го исфрлија Баерн во полуфинале

Сезоната 1990/1991 од КЕШ е неисцрпна тема на нашиве простори. Буди многу емоции, особено кај ју носталгичарите кои се посебно горди што едно семејство составено од Срби, Македонци, Хрвати, Црногорци...му покажаа на светот како се игра фудбал.

Пола ПСЖ заглавен 1 час во лифт во Германија

На само неколку часа пред мечот со Лајпциг во Германија, левиот бек на Парижаните, Левен Курзава на стори објави видео на кое се гледа како скоро пола екипа се заглавила во лифт во хотелот во Германија. Чекале повеќе од 1 час да ги одглават службите. Најмногу се исплашил Марко Верати.

Асистенцијата на Барела треба да вреди 2 гола

Интер синоќа стана еден од ретките клубови (АЕК, Борусија Дортмунд 2х и ПСЖ) кои успеале после 2-0 во Мадрид да му се вратат на Реал со 2-2. Ама не издржаа дечките на Конте и на крај изгубија 3-2. Еден од најубавите моменти на мечот беше асистенцијата на италијанскиот репрезентативец Николо Барела до Лаутаро Мартинез.

Аргентина и Неапол не спиеле поради Марадона, операцијата успешно завршена

На светот на спортот а и пошироко, олеснувачки делуваа зборовоите на познатиот аргентински доктор Леополд Луке кој изјави дека Диего е успешно опериран и дека се чувствува многу добро.

Махериште на колото за 80.000 евра

Одамна не пукнал некој ваков тикет, а за овој да биде двојно поголем уплатен е два пати. Царот одиграл 17 пара: кец, двојка, гол - гол и 3+. 16 се одиграле во неделата која требал да ја преспие за во понеделникот да ја чека уште Виљареал кец за добивка. 5 милиони денари фатил (81.300 евра) и со данок 4,2 му исплатиле или 68.000 евра.

Одамна немавме видено гол од индирект

Ајакс го отвори резултатот со Мидтјиланд на гости уште во 47 секунда кога Промес, Тадиќ и Антони тргнаа во брз напад, а Бразилецот реализираше. Но тоа не беше најинтересен момент од првиот дел. Во 11' минута Ајакс доби индиректен удар откако играч на домашните му ја врати топката на голманот Микел Андерсен а овој ја фати со рака.

Играчиште е, ама знае да биде многу валкан

Серхио Рамос синоќа стигна до јубилејниот гол број 100 во дресот на Реал Мадрид. Се наметна како лидер и стана симбол на клубот со кој освои сè и сигурно е еден од најјаките дефанзивци во свет. Ама мава гадот, без пардон мава и тоа шпиунски. Изгледа од Јеро учел.

Топол поздрав на Новак до малиот Петар од Македонија

Светскиот рекет број 1 го бива за шампионски потези и кога не држи рекет в раце. На Петар од Македонија кој е негов навивач и кој има аутизам, срцето му го исполни со само еден клип.

Карим бе што направи?

Реал Мадрид го доби дербито во групата против Интер и се врати во живот во борбата за топ 16. Можеа многу лесно да слават и 4:2, ако Бензема не се истепаше со топката.

Само Суарез може да добие ваков глуп жолт картон

Локомотив Москва одигра 1:1 против Атлетико Мадрид откако израмни од пенал во 25-та минута од првиот дел или 7 минути по примениот гол. Судијата гледаше на монитор дали има прекршок од 11 метри, а Суарез изигруваше негов помошник.

Баерн и Ливерпул ненаситни на гости, Реал го реши Интер

Вечерашниот германски стил на гостинско дробење, по Менхенгладбах го продолжи Баерн кој со 2:6 го сомеле Салцбург. Дури 4 им дадоа во последните 13 минути. Момците на Клоп испукнаа петарда во Бергамо, Интер без победа и по три кола, а Сити, Ајакс и Порто славеа како фаворити.

Потоп на Шахтјор, 0:6 загубија од Борусија Менхегладбах

Можеби некои ги сметаа за аутсајдери во групата Б бидејќи беа во четвртиот шешир, но Германците одиграа реми со Реал и Интер, а вечерва го понижија Шахтјор Доњецк со 6 комада од кои 4 на полувреме. Хет трик на Французинот Алесане Плеа. Атлетико ремизираше во Москва.

Би поверувале дека Баерн Минхен бил некогаш елиминиран од Норич?

Да и тоа се има случено. Германскиот гигант кој пред 10 години настрада од Пандев во ЛШ, загуби од Норич во Купот на УЕФА, ама не баш скоро, туку во времето кога Панчев играше за Интер.

Случајот со Имобиле ја покажува целата конфузија: негативен во Серија А, позитивен за УЕФА

Пази ова: според правилата на Серија А Чиро Имобиле е здрав, негативен на тест и може да игра. Според правилата на УЕФА е болен и не може да игра еврокупови. Кој кого овде?