Неколку екипи почнаа да играат со осакатени состави во Лига на шампиони, поради позитивни Ковид тестови на играчи. Најголем проблем ова коло имаше Динамо Киев кој во Шпанија отпатува без 13 играчи.
Чаре? Ќе викаш младинци, нема друго. Епа за Динамо Киев вчера бранеше Руслан Нешчерет, роден 2002-ра. Малиот сега на 31 октомври прв пат почувствува како е да се биде дел од прволигашки фудбал откако го викнаа да брани против Днипро на гости каде Динамо тепаше 0:1.
Шест дена подоцна го скрцаа во авион со прв тим. Повод? Меч од Лига на шампиони против Барселона. Ма каков страв, каква трема. Им бранеше како Џиџи Буфон и беше најзаслужен што загубија само 2:1, бидејќи минимум 5 можеа да им дадат.
За малиот нема повеќе од два реда на Википедија, а денеска сите зборуваат за неговите лудачки паради, посебно оваа против еден од најдобрите на сите времиња. Неверојатна одбрана на која 100% и другарите од маало се горди и ја покажуваат насекаде какво другарче имаат во друштво.
Како Алисон од Ливерпул реагираше на ист ваков слободен во ЛШ пред две сезони.
— . (@pbnafidar) November 4, 2020
Клик тука да видите што сè им фати