Голот кој синоќа го прими поранешниот европски првак, не може никој да го разбере, ама буквално. Имаа 2 во 2 во ЛШ и наместо да го победат турскиот претставник и да се издвојат први со 9 бода, тие се посрамотија за сите пари.
Во 12-та минута примија гол, кој што би рекол Фердинанд во својата критика ептен на место, тие примија гол како да се во негатива и бркаат бод на крај.
Внимавајте добро колку лесно Истанбул Башакшехир си направи чиста ситуација за гол. Едноставно се одбранија, пас до Демба Ба напред и гол. Никој не го чуваше и никој немаше ни на центар. Со 11 играчи напаѓаа како да губат во финале, а се игра судиско. Срамота.
Легендите на клубот со ептен исправни коментари
Пол Сколс:
„Се разбира дека треба секогаш да имате некој назад на средина од теренот, тоа важи и за фудбал за деца до 10 години. Ваква ситуација може да се разбере во последните 10 минути, но ова се случи на почеток, срамота.
Дефанзивците мора да играат подобро, а исто така и напаѓачите. Дефанзивно мора да преземат одговорност. Понекогаш мора да се браниш еден на еден, но во Манчестер Јунајтед изгледаат неспособни за тоа“.
Рио Фердинанд:
„Каде е организацијата во овој тим? Ова нема да го видите ни на Хакни Маршес (место каде се игра нисколигашки фудбал). Таков гол обично паѓа кога се обидувате да израмните во 89-та минута. Мачно ми беше да го гледам. Ова е недостаток на самопочит. Сами си се нарекоа недоследни, немаат тимска работа. Требаше да остварат позитивен резултат на ова гостување.
Робин ван Перси
„Дефанзивно многу лошо. Не се сеќавам да имавме примено ваков гол. Секогаш треба да имате најмалку еден или двајца играчи таму“.
И како ова да беше малку, 20 и кусур минути подоцна примија уште еден срамен гол од контра. Овој пат тројца имаа во шеснаесетник, ама сите тројца го чуваа голот, а не играчот кој шутира. Погледнете ги овие несреќи. Во време на Ферги за ова се јадеше копачка во аркада.