Offside

Познат турски коментатор на државната телевизија ТРТ во преносот меѓу Иран и Нов Зеланд цели 5 минути ги мешал фудбалерите па кога Иран бил во напад ги кажувал играчите на Нов Зеланд и обратно. Дур некој не му укажал од режија или додека на крајот не приметил дека Мехди Тареми носи бел дрес.

Зошто Кун Агуеро ќе отсуствува 3 месеци од терените?

Барса конечно се ослободи од Роналд Куман кого навивачите го тормозеа зошто екипата покажа мизерни резултати. На негово место дојде некогашниот лев бек на Барса, Серхи Бархуан, а под негово водство во саботата одиграа само 1:1 со Алавес. Мечот го одбележи една тревожна сцена пред крајот на првиот дел кога на Серхио Агуеро наеднаш му стана лошо и се држеше за гради.

Најјакото забивање на вечерта во НБА е видено во Бостон

Кошаркарите на Чикаго Булс успеаа да го добијат Бостон Селтикс со 128:114 и тоа по негатива која во еден момент изнесуваше 19 поени разлика. Сите зборуваат за цепелинот на Џевонт Грин, забивање кое е прогласено за број 1 на вечерта. Инаку довчерашен играч на Бостон.

Баскиско не е сеедно

Големото дерби на Баскија меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао во неделата заврши 1:1. Сосиедад е изненадно прв на табела во Ла Лига со 25 бода но и меч повеќе од многу ривали за врвот. Дербито во Сан Себастијан ќе се памети по еден залутан симпатичен навивач на Билбао кој со цел памет отишол на најбучната трибина со домашни навивачи. Ама не само што никој не го закачал, туку и го частеле пијалак и го чувале.

И камерманите одлепуваат по Вардар

ФК Вардар има голема поддршка и во втора лига, а хит на колото е камерманот кој го понесе атмосфера и кој има можност да види како е кога него некој го снима. Се работи за мечот против Гостивар, кој црвено црните го играа на стадионот на ФФМ и го добија со 3:1.

ФИФА 2021 во реален живот на мечот Салернитана - Наполи

Наполи уште не знае за пораз во Серија А: 10 победи и 1 нерешена за 31 освоен бод и лидерство на табелата со Милан. Минатиот викенд тимот на Лучано Спалети тешко се справи со големиот ривал од југот, Салернитана и славеше 0:1. Единствениот гол на мечот го даде Полјакот Зјелински, ама трите бода им ги спаси бекот на Италија.

Шпринт сите во соблекувална, пукај некој од трибини

Јасно е дека Јужноамериканците имаат некоја посебна страст за фудбал, но и често пати знаат да забегаат со насилничкото и криминално однесување. Да не може човек да игра фудбал на раат. Оваа панична сцена доаѓа од меч во третата аргентинска лига, откако играчите слушнале пукање од трибини. Коментаторите беа во бунило.

Ракометарки на плажа се изборија да не мора да играат во бикини

Откако селекцијата на Норвешка за ракомет на песок беше парично казнета со 1.500 евра, односно 150 евра по ракометарка поради тоа што на Европското првенство во ракомет на песок се појавија во шорцеви, а не во бикини како што налагаа правилата од Светската ракометна федерација, се крена голема врева во женскиот ракомет на песок.

Боби, батали баскет оди во Холивуд

Еден од највисоките кошаркари кои некогаш играле во НБА, Бобан Марјановиќ нема ден а да не направи некое шоу кое фасцинантно ја забавува НБА публиката во САД, колку и нам да ни делува чудно. Бобан едно време го бараа и да статира во некој игран филм, а ништо чудно кариерата да му тргне во тој правец. Сега за Халоувин пред неделниот меч меѓу Мавс и Кингс се маскирал во Аксл Роуз.

Да си погледаме евроголови

Тешко е да се испрати и да се види цела фудбалска ревија на голчишта и јаки потези кога е викенд. Еден, втор, трет, ни се присобраа уште четири од изминатово коло кои решивме да ги ставиме во ист кош. Кој од кој поубав.

Во втора португалска лига со очи не виделе ваква мајсторија

Мечот е Академика - Национал, а јунакот кој ќе се фали по другари дека дал сличен еврогол како оној на Роналдо во ЛШ против Јуве, се вика Фабио Фортес. Аплаузи за дечково. Имаше најпрофи реакција што може да постои.

Моќта на Златан против Рома со Кјаер пред 9 години

Голманот го понижи како дете, а потоа имаше физички дуел со сегашниот стопер на Милан, кој тогаш играше за Рома. Ова е гол со кој го реши мечот и гол кој ја симболизира неговата непроменета сила. Снимкава е од 2012-та, се сега сме 2021-ва во која Ибра гази на 40 години. Се забележува разлика?

Твит на денот

Од можни 33 бода, Јувентус до сега успеа да освои само 15, нешто незапаметено, барем во ерата на Андреа Ањели кој врза 9 Скудета во низа. Загубија од Сасуоло и Верона, а претходно од Наполи и како капак на твитов и од Емполи.

Него што е со Душан Влаховиќ?

Деца со опасен потенцијал и огромен талент од генерацијата 2000-та и околу неа хараат нив Европа. Не се само Мбапе и Халанд. Српскиот центарфор на Фиорентина е како ураган, пишува Газета. Стана миленик на навивачите на Фиорентина, но од неодамна почнаа да го свират и пцујат, бидејќи одби да потпише нов договор. Кој знае каков трансфер ќе лапа.

НБА ѕвезда што како мал немал што да јаде, па играл уличен баскет 1 на 1 во пари за да купи храна

Има многу големи НБА играчи кои сега се милионери но кои во детството и младоста имале многу лош живот во растурени семејства, па во така несигурни економски состојби морале да прават сè што било потребно за да земат некој долар и да имаат макар една чинија оброк.

Во Бразил пукотници и истрели пред стадион, играчите избегаа

Во бразилското младинско првенство Кариока У-20, мечот меѓу Сера Макаенсе и Карапебус на стадионот „Клаудио Моасир де Азеведо“ бил прекинат во 74’ минута откако надвор од стадионот се слушнале опасни рафални истрели и имало престрелка. Во еден момент бегаат сите, па дури и голманот на Карапебус на кого во тој момент му пружаа медицинска помош поради повреда.

До скоро прв пик и најголем талент во цела НБА, сега направен прасе

21-годишниот кошаркар на Њу Ореалнс Пеликанс беше прв пик на НБА драфтот во 2019-та. Набрзо го избраа во Ол-Руки првиот тим а во 2021 стана и 4-от најмлад кошаркар избран за Ол Стар меч. Ама од тогаш наваму поради голема тежина и неколку оперативни зафати, Зајон тешко да се врати во форма.

Бразилци го демолираа ВАР компјутерот, а Чакир викаше судија заедно да го гледаат

Имаме две до сега невидени сцени во врска со ВАР компјутерот. Едната доаѓа од Бразил, а другата од Турција. Првата опасна, втората малку смешна и необична.

Хулиганска пандемија по фудбалските стадиони ширум светот

Од средината на август кога почнаа новите фудбалски сезони 2021/2022 во повеќето земји во светот, до изминатиов викенд, скоро и да немаше коло а некаде да не избиеше мала навивачка војна.

Какво Ферари, какво Бугати, гледајте ѕвезда на Интер со што количе се појави на тренинг

Артуро Видал си купил Фиат Панда, култен италијански автомобил, како што е на пример Југо кај нас или 101. Веројатно ја платил со една дневница, али не се парите муабетот, туку ќеифот да пробаш нешто скроз поразлично од тоа што секако можеш да си дозволиш.

Убава акција на Елмас по која Наполи го даде голот за победа

Наполитанците ја продолжија импресивната низа во Серија А, а синоќа ја оправдаа фаворитската улога и против Салернитана која ја добија со 0:1. Стрелец на голот беше Зјелински во 61-ва минута, а главен креатор на акцијата беше Елмас со одлични проигрувања. Има голема минутажа откако Спалети го води Наполи, а тоа е добро и за него и за Македонија.

Како навивачите на Бока го прославија роденденот на Диего

Аргентинските, а посебно навивачите на Бока со право важат за најстраствени на свет. Искрена емоција, љубов кон клубот без оглед на сè. Така беше и на одбележувањето на 61. роденден на вечниот Диего Армандо Марадона кој го напушти светот пред неполна година.

Бомбастична тројка на Дончиќ, кој од пола терен ја запали мрежата

На мајсторот не му треба многу време за да влезе во ритам. Новата сезона во НБА лигата почна неодамна, а словенечката суперѕвезда е во елемент и гаѓа луди тројки во свој стил.

Мајсторија на Ибра од слободен удар со 101 км на час

Милан и Наполи се најтврд орев во првите два месеци од Серија А и со идентичен скор од 10 победи и едно реми ги делат првите две места. Росонерите ја добија Рома со 1:2, а резултатот во првиот дел го отвори неуморниот Златан Ибрахимовиќ кој не старее. Кеси во второ полувреме зголеми од пенал, а Ел Шарави намали во судиско.

Падна најдалечен гол каков што не е виден во француска Лига 1

Сент Етјен игра мизерна сезона и нема ни една победа во 12 кола. Најтрофејниот француски клуб заслужено е на последно место. Викендов играа со директниот ривал за опстанок Мец. Примија гол уште во 9' минута, ама во 16-та Вахби Хазри со еден супершут од 68 метри (официјално измерени) го постигна најдалечниот гол во историјата на францускиот фудбал.