Македонија сонува прво Светско, Португалија во лов на осми настап на Мундијал

Со почетокот на новиот Милениум започнува златна ера на португалскиот фудбал кој од тогаш нема пропуштено ниедно големо натпреварување. Од друга страна, нам никој нема право да ни го одземе сонот и верба дека ќе ни се оствари. Светско првенство 2022.

Португалците до почетокот на XXI век играле само на две Светски и три Европски првенства од вкупно 25 вакви најголеми фудбалски турнири. Но од 2002. година немаат пропуштено ама баш ниту една голема фудбалска смотра. Дваесет години се дел од светскиот крем.

Португалците првпат пласман на Светско првенство обезбедиле во 1966 година а потоа чекале цели дваесет години за второ појавување на Мундијал (1986). Огромно е и временското растојание кое го чекале меѓу две одиграни Европски првенства (1984 и 1996).

Сево ова до 2000-та година и почетокот на новиот Милениум во кој Португалија поминува на 11 големи турнири вклучувајќи го и ЕВРО 2004 на кое беа домаќин.

Во 2016-та „селесао“ стана европски шампион откако ја победи Франција во големото финале во Париз во продолженијата. Во 2019-та го освоија и пехарот на премиерното издание на Лига на нации кога станаа шампиони.

Ибериската репрезентација има три учества во самата завршница, во полуфинале на големите натпреварувања (Европско 2000-та и 2012-та и Светско 2006).

Од друга страна Македонија сонува дека по прв пат во историјата ќе стигне на Светско првенство, најголемиот спортски настан на планетата.

Од својата независност во 1991-ва, Македонија еднаш се пласираше на големо натпреварување, лани во 2021-ва година игравме на Европско првенство на кое забележавме три порази на три меча.

Роналдо даде изјава за Македонија

29 март 2022 - 11:14