Offside

Познат турски коментатор на државната телевизија ТРТ во преносот меѓу Иран и Нов Зеланд цели 5 минути ги мешал фудбалерите па кога Иран бил во напад ги кажувал играчите на Нов Зеланд и обратно. Дур некој не му укажал од режија или додека на крајот не приметил дека Мехди Тареми носи бел дрес.

Падна најдалечен гол каков што не е виден во француска Лига 1

Сент Етјен игра мизерна сезона и нема ни една победа во 12 кола. Најтрофејниот француски клуб заслужено е на последно место. Викендов играа со директниот ривал за опстанок Мец. Примија гол уште во 9' минута, ама во 16-та Вахби Хазри со еден супершут од 68 метри (официјално измерени) го постигна најдалечниот гол во историјата на францускиот фудбал.

А пасот и слободниот на Лева, ги приметивте ли?

По шокантниот дебакл од Борусија Менхенгладбах во Купот на Германија минатата недела, Баерн викендов се врати на познати патеки. Со 2:5 го совлада Унион Берлин и остана лидер на табелата со 25 бода, 1 повеќе пред Дортмунд и 3 повеќе од Фрајбург. Левандовски даде 2, еден фантастичен од слободен удар, ама имаше и фини асистенции.

Волејот на Кристијано Роналдо за еврогол

Јунајтед продолжи по системот топло-ладно со Солскјер на клупата, па откако Ливерпул им нанесе историски тежок пораз од 0:5 на „Олд Трафорд“, „црвените ѓаволи“ се вадеа на гости кај Тотенхем. Победија убедливо со 0:3 а триумфот го најави Роналдо со фантастичен гол по многу тежок шут и после со асистенција до Кавани.

Симеоне го уништи Јуве за 3 минути

Внимавајте сезонава на Верона која игра убав фудбал под водство на Игор Тудор и која гази против големите екипи. По четирите гола против Лацио, син му на Диего, Џовани Симеоне ги змрзна Бјанконерите со два комада во 11 и 14 минута за нова голема победа од 2:1, а нов шок за Алегри после поразот дома од Сасуоло.

Млатење на сред меч, Ајакс vs Хераклес

Фудбалерите на овие две екипи одиграа 0:0, а според снимкиве личи дека нерешено било и на трибини, кои ги знае. Инаку домаќини се Хераклес.

Голчиште на Депај, слалом на Алавес, проблеми со градите за Агуеро

И без Роналд Куман, Барселона нема со што да се пофали на првиот меч, освен со еден атрактивен гол. Одигра 1:1 против Алавес и им се повредија двајца важни играчи од кои едниот го однесоа во болница.

Фудбалер со ампутирана нога сака да ви покаже нешто

Се работи за играч на Фортуна Дизелдорф, а голманот кој се покаја што беше излезен понапред е од Хофенхајм. Пазете како му ја опали. Ѕверски.

Нејнесфатливиот црвен картон на неделата

21 годишниот Итан Ампаду е репрезентативец на Велс, член на Челси и позајмен во Венеција. Иако неговиот тим водеше на полувреме против Салернитана, на крај загуби 1:2, а тој беше жртва на чудна судиска одлука. На снимката се гледа како клиза директно на топка и ја собира за да не ја загуби и за тоа добива црвен. 

Најдоброто тукушто стана уште подобро! Sport vision во Skopje East Gate!

Ново место, за нови врвни шопинг искуства со најдобрата екипа! Може да се најдат сите можни категории, без разлика дали се работи за спортски или lifestyle производи, за деца, тинејџери или возрасни.

Типови на играчи во мал фудбал

Твитерџија по име Квасец извади одлична спортска нишка во која ќе се пронајдат веројатно сите кои знаат што е маалски фудбал на игралиште, пред зграда или во балон. Фали оној што стално игра во напад, а сака сам да ја води топката. Му ја зима на својот голман, додека тие од негова што играат позади се нервираат.

Никола Митревски со одбрана на колото во Лига на шампиони

Порто и Барселона го одиграа најдобриот меч на колото во Лига на шампиони. Домаќините иако беа тотален аутсајдер, на полувреме водеа со 17-14, а на крај Барса излезе задоволна со бод 33:33. Нашиот голман Никола Митревски денес во избор на ЕХФ и гледачите, ја има најдобрата одбрана на колото.

Прогресот на тренерот на Сасуоло

Во 2014-та на 34 години одиш на игралиште со капацитет од 1.050 гледачи за да го водиш Олџинатезе кој го нема ни во билтен. Седум години подоцна им се исправуваш на Јуве и Алегри и ги победуваш на нивен тренер. Е таков знае да биде фудбалот. Романса.

Големиот Грег Поповиќ: „Замислете ја Југославија и сите овие играчи во иста екипа“

На крилата на Лука Дончиќ кој постигна 25 поени со 3 скока и 5 асистенции за 34 минути, Далас Маверикс го совлада Сан Антонио Спарс 104:99 во големото дерби на Тексас.  Големиот и повеќекратен НБА шампион Грег Поповиќ си помуабети со Лука после мечот и нешто го насмеа.

Махериште на колото за 1,6 милиони денари

Кичевчанецот одбрал четири утакмици и ги уплатил два пати по 100че. Ај таа третата од Турција океј, ама како ли успеал да ги фати трите нули од Египет, Мароко и Словачка и тоа одиграни полувреме - крај на лудачки начин.

Скопје го доби вториот Nike store

Потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во проширена понуда и нови модели кои досега не беа достапни на нашиот пазар, во простор со мултимедијална комуникација на понудите и врвен дизајн на ентериерот и осветлувањето.

Чудна техничка за Ембид зошто понижил противнички играч

Во неизвесен меч Филаделфија ’76 го доби Детроит со 110-102. Лидерот на оваа екипа Џоел Ембид постигна 30 поени, имаше 18 скока и 3 асистенции. Во еден момент заби многу лесно преку 22-годишниот Лука Гарза, нешто прозборе агресивно па судиите го исклучија зошто наводно го понижувал противничкиот играч. Ембид се бранеше дека си зборел сам со себе.

Се вика Диего, игра за Наполи и даде гол со рака во стилот на Марадона

Иако се поминати 35 години, сепак антологискиот гол на Марадона со таканаречената „божја рака“ оставил трага, па и кај деца кои не ни биле тогаш родени, туку само го виделе на Јутјуб. Наполи У-16 израмни против Рома У-16 на 2:2, а коментаторот од клупскиот канал на римјаните 100 пати повтори дека е со рака и дека ова не е одбојка за да му го признаат.

Парма победи, а Џиџи уште е ѕвер и одбрани пенал

За три месеци овој човек полни 44 години и дочека на терен синови на фудбалери со кои играл на времето. Има една Фејсбук страна со вакво име: You can't retire, Gigi Buffon. Преку 1.100 настапи има.

Адолф Хитер, тренерот кој го покори Баерн Минхен и сторијата за неговото необично име

Дискретен јунак на фантастичниот триумф на Борусија Менхенгладбах над Баерн Минхен е тренерот Адолф Хитер. Овој 51-годишен стратег го декласираше германскиот хегемон со 5:0, идеално ја спреми екипата за одличен пресинг и брз излез од одбрана во напад како и брз реализација.

Како Столе, Фалкао и баскискиот Клоп му го потпишаа отказот на Куман од Барселона

Скромниот Рајо Ваљекано е најпријатно изненадување на сезоната. Екипата предводена од младиот 39-годишен тренер Андони Ираола игра сјајно и во моментов е на 5. место. Победија на 5 од 5 домашни натпревари и на Барселона и дозволија само еден шут во рамки на гол за цел натпревар.

Асистенција на Елиф Елмас за страшен гол на Руиз

Наполи продолжува да прав р’шум во Серија А. Синоќа на својот „Диего Армандо Марадона“ со 3-0 ја совладаа Болоња и се лидери на табелата со 28 бода колку што има и Милан. Првиот гол на мечот беше дело на Шпанецот Фабијан Руиз на асистенција на нашиот Елмас. Еврогол.

Чудна и сомнителна реакција на дефанзивец во Романија на сама гол линија

После сè што се изнагледавме во романскиот фудбал, веќе и не треба ништо да не чуди. Оваа ненамерна или намерна утка се случува на Куп натпревар меѓу второлигашите Глорија Бузау и Донареа кој заврши или морал да заврши 3:0.

И со лежење ќе те пратам по тутун

Максимилијано Меса од Монтереј ги запали Твитерџиите со мајмунлак од лежечка позиција. Иако ова личеше само на голема пожртвуваност за да спаси аут, потоа му текна и нешто друго.