Фотографии за вечност

Без разлика што ќе се случи на стадионот „Драгао“ во вторник од 20:45 пред 50.000 гледачи, македонската фудбалска репрезентација направи подвиг кој треба да се изучува на спортските академии.

Италија имаше 32 шута од кои 4 во рамки на голот на Димитриевски. Италијанците имаа 16 корнери, имаа огромен посед на топка во текот на целиот меч. Но не го скршија тврдиот орев.

Александар Трајковски постигна гол во 90+2’ минута за општ национален делириум. Италија која пред девет месеци стана европски шампион сега нема да игра на Светско првенство. Тоа се случило само три пати во историјата: со Чехословачка (шампион 1976) со Данска (шампион 1992) и со Грција (шампион 2004).

Италија пак во 1982-ра стана светски шампион а не се пласираше на Европското 1984-та. Првпат во историјата Италија нема да оди на два Мундијали по ред. А пред само некој месец поставија рекордна серија од дури 37 меча без пораз!

Македонија испиша нова историја:

Фото: REUTERS/Guglielmo Mangiapane; Gettyimages.ru/Tullio M. Puglia

Нова епска сензација на Македонија, четирикратниот светски првак е на колена

Шестминутно ежење од Палермо

Фештата во центарот на Скопје за македонските јунаци

Што објавија светските медиуми за чудото на Македонија?

25 март 2022 - 12:48