Турски навивач пукаше во телевизорот по промашен пенал
Додека Македонија биеше битка на Сицилија, Турците во второто полуфинале се бореа во Порто против силната Португалија. Во еден момент при резултат 2-1 за домаќинот, гостите имаа пенал во 85’ минута за израмнување и драма во продолженија. Ама Бурак Јилмаз го промаши и Португалија до крајот даде уште еден гол за 3-1.