Дарко и Дарко, за Македонија од Америка до Порто

Формулата е едноставна: 4 дена - 4 лета, двајца луди Македонци од Чикаго и Мајами, до Португалија со срце за Македонија.

Запознајте ги Дарко Ѓоргиоски и Дарко Павловски, наши луѓе кои живеат во Америка.

Павловски 6 години е стациониран во Мајами, а Ѓоргиоски по 11 и пол години во Мајами, од пред 6 месеци е преселен во Чикаго. 

И покрај далечината, момците сакаат од близу да бидат дел од мисијата СП Катар 2022. За да ја бодрат Македонија на стадионот Драгао, патувале 13 часа во еден правец или скоро 9.000 км.

И покрај долгиот пат и менувањето на зоните, по само три дена се враќаат назад. Во Порто се само за историското финале на Македонија. 

Аплауз за момциве 

 

29 март 2022 - 08:47