Да видиш Перу како го бодрат за пласман на Светско

Пред последното коло од квалификациите за Светско во Јужна Америка, сигурна карта за Мундијал обезбедија Бразил, Аргентина, Еквадор и Уругвај. За 5. место кое води во прилично лесниот интерконтинентален бараж (против ОАЕ или Нов Зеланд) се борат Перу (21 бод), Колумбија (20 бода) и Чиле (19 бода). Перуанците се во најдобра позиција зошто дома го чекаат Парагвај и со победа обезбедуваат плејоф.

Илјадници навивачи на Перу дошле пред хотелот каде се сместени играчите и со песна и рекордно големо знаме ги поддржале фудбалерите:

 

 

29 март 2022 - 09:42