Tapiro d'oro (Златен тапир), како лузерски трофеј, заврши заслужено во рацете на селекторот на Италија, која како апсолутен фаворит против Македонија не успеа да го продолжи патот до Светско и за прв пат во историја нема да учествува два пати во низа.
Ама Италијанците се цареви за шоу и мајтап, па на Манчини освен Златниот тапир му донесоа уште еден огромен, кој го качија на камион.
И покрај тоа што ова признание не е популарно за добивање, сепак славниот стратег се изнасмеа и им кажа дека го добил заслужено.
Најјакото е што пуштија снимка и од декември минатата година во која му го доделуваат откако не ги однесе директно во Катар. Манчини вели „Без гајле, одиме на Светско, ако не одиме, донесе ми уште еден поголем“.
Репортерот му вели дека ако не се квалификуваат, ќе му донесе и таков.
Го пуштија и голот на Трајковски и последниот свиреж на судијата.