Offside

Групата Б на Светското првенство ќе биде една од поинтересните затоа што вечерва Швајцарија беше шокирана од Катар. Швајцарцитре поведоа први преку Бред Емболо во 17' минута од пенал, имаше и бројни шанси за нов гол а казната им стигна во 94' минута кога Буалем Куки со глава израмни на 1-1 и донесе голем бод за Катар.

Херојот на зимскиот преоден рок се вика Кристијан Ериксен

Човекот кој пред 7 месеци ја имаше најголемата голгота во животот и кој рече дека 5 минути бил мртов, му се враќа на фудбалот. И тоа не било каде, туку во Премиер лигата, каде играше седум сезони.

Салах ископира асистенција за клуб и репрезентација

Селекцијата на Египет е последниот полуфиналист во Купот на Африкански нации откако со пресврт го совлада Мароко (2:1). Гол и асистенција за Мохамед Салах, кој асистираше идентично како против Рома во Лига на шампиони. Во полуфинале се среќаваат со Камерун, а другата двојка е Буркина Фасо - Сенегал.

Ти го мислиш најголем талент на Манчестер Јунајтед, тој да ти бил психопат

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој веќе пар сезони е меѓу подобрите стрелци во нападот на екипата и игра за репрезентацијата на Англија е уапсен од полицијата во округот Голем Манчестер поради пријава за силување и нанесување тешки телесни повреди на девојка му.

Федерер за Надал: Пред неколку месеци се шегувавме дека сме на штаки

Рафаел Надал стигна прв до рекордниот Гренд слем број 21 во кариерата, а за големиот подвиг доби честитки и од двајцата главни опоненти, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Канада ги победи САД и е на чекор до Светско првенство, Алфонсо Дејвис урлаше

Канаѓаните играат маестрално во квалификациите за Светско првенство 2022 и синоќа без најдобриот играч Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен, го совладаа главниот конкурент за првото место САД со 2-0. Головите паднаа во 7’ и 90+5’ минута, стрелци беа Кајл Ларин и Сем Адекугбе. Канада сега има 22 бода и е прва, пред САД и Мексико кој се втори и трети со по 18 бода.

Чудесен лет на Јапонецот Кобајаши, присутните се воодушевија

Кремот на најдобрите претставници во скијачки скокови е во германски Вилинген каде се скока во рамки од Светскиот куп. Викендов го одбележа Јапонецот Рију Кобајаши со неверојатен скок од 152 метри во втората серија и ги шокираше присутните.

Голот вреден шампионска титула и злато во последна секунда

Европското злато се враќа онаму каде што најчесто престојуваше низ историјата - во Шведска. Со петта освоена титула од Евро Швеѓаните се најтрофејни на Стариот континент. Ја совладаа Шпанија во финале 27-26 со драматичен гол од седмерец на 33-годишниот ракометар на Кил Никлас Екберг во последна секунда.

Шведска е нов европски шампион - Шпанија симната од тронот со гол во последна секунда

Во крајно драматичен меч, Шведска го освои златото на 15. издание на Европско првенство. Во финалето против Шпанија Швеѓаните станаа прваци со гол постигнат во последната секунда од пенал.

Епски пресврт на Надал за историски гренд слем број 21

Рафаел Надал испиша нова тениска историја откако во лудо исцрпувачко финале кое траеше над 5 часа, успеа да го добие Данил Медведев со 3:2 во сетови и тоа откако губеше 0:2.

Медведев до судијата: Навивачиве се идиоти, мозок немаат

Нова трета епизода на Данил Медведев, но овој пат не против судијата, туку во разговор со судијата за навивачите вели дека се идиоти, без мозок, односно со празен мозок на кои веројатно животот им е многу лош.

Несериозно новинарско прашање на Австралија опен

Ник Кирјос и Танаси Кокинакис ја освоија титулата во машки довјки на Австралија опен откако ги совладаа сонародониците Метју Ебден и Макс Пурсел. Американски новинар им постави глупо провокаторско прашање на кое му одговорија иронично, брзо и спремни како пушка.

Како Исланд промаши празен гол за директен пласман на Светско првенство

Исланд дефинитивно немаше среќа на Европското првенство. Иако одиграа маестрални дуели, убедливо ја совладаа Франција, сепак на крајот завршуваат на 6. место. Исланѓаните во директен дуел со силната Норвешка за петто место и директен пласман на Светско 2023 изгубија во продолженијата 34:33. Во последните секунди од регуларниот дел имаа шанса со шут кон празен гол да победат и да не му ја мислат во квалификациите.

Македонија ги дозна двете пречки до Мундијалот, првата е Романија

Македонската ракометна репрезентација ќе се соочи со стари познаници во обидот да се пласира на следното Светско првенство 2023 и да ја продолжи низата настапи на големите натпреварувања.

Херојската одбрана на Паличка вредна финале за Шведска

Мотивинарата Шведска го скроти шесткратниот светски првак Франција и заслужено обезбеди финале на ЕП. Еден од главните протагонисти им беше голманот Андреас Паличка кој блесна со 12 одбрани и 3 постигнати гола. И тоа беше изолиран неколку дена после позитивен тест.

Атомски ракомет, Шведска и Шпанија ќе играат во големото финале

Откако во првото полуфинале Шпанија ја потопи фаворизираната Данска со 29:25 (13:14), подоцна вечерва Шведска со маестрална партија го урна вториот голем фаворит, олимпискиот шампион Франција 34:33 (17:14).

Сите 17 голови сезонава на Дуле

Појак роденденски подарок за Влаховиќ од трансфер во Јувентус, на биоскоп. По четири години престој во Фиорентина и 49 голови на 108 средби, од денеска со наполнети 22 години и официјално е член на Старата дама. Сезонава ја игра фантастично со 17 погодоци на 21 меч, прв на листа заедно со Имобиле.

На дербито Чиле - Аргентина судиите заборавиле знаменца па мавтаа редарски елеци

Затоа, од овие причини го љубиме тој јужно-американски фудбал. Спонтан, неискварен, чист, со емоција. На мечот од квалификациите за Светско првенство во рамки на Конмебол, Чиле ја пречека Аргентина и загуби со 1-2. Гаучосите до победа и осигуран пласман на Мундијал 2022 ги водеа Анхел Ди Марија и Лаутаро Мартинез.

Медведев повторно му се сипа на судијата, сега уште повеќе

Данил Медведев е втор финалист на Австралија опен откако во второто полуфинале го совлада Стефанос Циципас со 3:1. На Русинот му стана навика да ги вика судиите глупави.

Еден најобичен тренинг на Ибра

Знаете некој друг шпиц со ваква форма и еластичност на негова возраст? 41 ќе полни годинава.

Како Кристијано Роналдо ја запознал неговата сопатничка

Во новиот документарец на Нетфликс Soy Georgina, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, еден од најголемите на сите времиња, и неговата партнерка раскажуваат за нивното секојдневие.

Новиот играч на Севиља Хесус Корона на кого место презиме му стои пивски бренд Текатито

Привлечно чуден е тој латино-американски свет каде прекарот знае да биде поголем и од презимето.

Голман, да видиш кога има уписи за Карате Кид, одма ќе те примат

Еквадор и Бразил одиграа натпревар на кој и двајцата голмани беа настинати во паметот. Додуше Бекер не толку, колку Домингез, кој интервенираше како да не му работи мозокот.

Тифозите на Јуве уште од сабајле го пречекаа Душан Влаховиќ

Најтрофејниот клуб во Италија одново ја демонстрираше својата надмоќ над останатите клубови и во ситуација кога сите мислеа дека бјанконерите се во благ финансиски пад, Јувентус изброи 75 милиони евра (67 + 8 бонус) за српскиот центарфор Влаховиќ од Фиорентина кој денес слави 22. роденден.