Контроверзниот Австралиец со грчко потекло, кој е инаку 40-ти тенисер во светот, едвај, со 3:2 го совлада Британецот Пол Џуб кој е 219-ти на АТП.
Покрај за спортските прашања, со Кирјос секогаш се отвора дискусија и околу неговото чудно однесување, кое се разликува од неговите колеги. Едноставно нема турнир без да има некој испад.
На страна што јадеше, што исто така е нетипично на средба со новинари, тој плукна накај навивач и се обиде да го оправда сељачкиот потег.
„Публиката не ме почитуваше. Почнав да мислам дека тоа е нормално, а не треба да биде. Не им кажав ништо кога почнаа да ми го прават тоа.
Некој од публиката викна по мене дека сум гомно. Нормално е тоа? Не разбирам зошто тоа се повторува? Тоа нема никаква врска со Вимблдон. Тоа е генерација на луѓе кои, исто како и на социјалните мрежи, мислат дека имаат право секогаш да ви одговорат со таква негативност.
И не можам ништо да кажам, ниту да направам, бидејќи ќе си направам проблем. Инаку да, плукнав кон еден од луѓето кој не ме испочитува. Таквите луѓе доаѓаат на натпревар само за да навредуваат, а не да поддржат некого“.
Во 2. коло Кирјос ќе се соочи со Србинот Филип Крајиновиќ, кој е на 31. место.
Caught Nick Kyrgios spitting at end of match towards (rowdy?) crowd today. #Wimbledon pic.twitter.com/Sl1rDajI1j
— LynY (@Lyny) June 28, 2022
No chopsticks for your sushi, @NickKyrgios? 🥢 😉#Wimbledon pic.twitter.com/0OtfS1mByX
— Wimbledon (@Wimbledon) June 29, 2022
На социјалните мрежи го критикуваат дека покажал непочитување кон новинарите, а еден па му најде маана за начинот на кој го јадел сушито. Не требало со прибор.