Поради неконтролирана реакција, шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина е елиминиран од Вимблдон. Шпанецот играше против Чехот Јиржи Весели. Во еден момент при резултат 9-7 во тај брејк од петтиот сет, Давидович-Фокина нервозно удри едно топче во воздух поради изгубен поен, па судијата го казни со одземање бод што беше доволно за пораз, а истовремено пласман понатаму за Весели.