Ромарио - какво беше тоа играчиште

Предвесник, учител и ментор за плажи, ноќен живот и бурни пијанства на Роналдо, Роналдињо и сите големи мангупи на бразилскиот фудбал. Стариот добар Ромарио постави многу рекорди за постигнати голови. За неговиот Бразил играше скоро 18 години и на 70 меча постигна 55 гола. Во кариерата топка шутираше од Васко да Гама преку ПСВ Ајндховен до Барселона, Валенсија, Фламенго, Мајами, Флуминенсе.

Има шампионски титули во Бразил, Холандија, Шпанија со Барселона. Освои Светско првенство 1994, Копа Америка 1989 и 1997 и Куп на Конфедерации во 1997-ма.

30 јуни 2022 - 12:13