Како Меси го добил прекарот гном што во превод значи митско суштество

Гном е измислено митско суштество кое често се појавува во фантастичните романи и бајки а во митологијата означуваат суштества кои ги населуваат шумите, реките и ридовите.

Пред Светското првенство 2018, Анхел Ди Марија, еден од најдобрите аргентински фудбалери, во интервју за Fox Sports Radio раскажал забавна историја:

„Сампаоли (тогашниот селектор на Аргентина) рече дека загарантиран пат за Русија има само гномот, а сите останати ќе треба да се борат за свое место. Ако некој помисли дека веќе е на Мундијал и се опушти, тоа ќе му биде голема грешка“.

Јавноста тогаш првпат официјално разбрала како е прекарот на најдобриот фудбалер во историјата според многумина.

А овој прекар му го наденале уште од времето на славната школа на Барса, академијата Ла Масиа:

„Имавме жива, весела екипа, но он секогаш седеше во ќоше, така сам и тивок. Видовме дека е многу подобар од сите нас и заедно со уште неколку бекови се договоривме да го удриме неколку пати по нозете. Сакавме да видиме што ќе биде понатаму. Ама џабе“, се сеќава некогашниот голман на кадетскиот тим на Барса, Рожер Франч.

Ладниот Меси малку омекнал на еден турнир во Венеција каде играле кадетите на Барселона. Таму првпат се пошегувал со соиграчите, се опуштил во атмосферата а во одговор некој го завикал „гном“.

„Меѓу нас ние долго време го викавме (Меси) гном. Но никогаш не сме му се обратиле така додека не стекнавме заедничка доверба. Тоа се случи баш на тоа гостување во Венеција. А кога Лео дебитираше за прв тим и ја посети нашата екипа, му рековме: „Еј, гном, како ти е со постарите? И сите се смееа“, раскажува шпицот од младинските денови на Лео, Рожер Жирибет.

А Ди Марија, кој во ПСЖ играше заедно со неговиот добар пријател и другар со кого во Катар ќе јуришаат на Светско злато, вели:

„Јас секогаш него сум го викал гном. Не од почеток, ама кога се здруживме да“.

Интересно и самиот Меси апсолутно спокојно го примил овој прекар, без да се лути и замерува. Така во 2015-та година Луис Суарез, со кого делеа добро и лошо во Барселона и со кого се блиски семејни пријатели, му подарил пижама со ликот Лутко од седумте џуџиња.

„Фала на мојот другар Луис Суарез за подарокот. Само не разбрав зошто Лутко?“, напишал Лео Меси во една објава на социјалните мрежи.

30 јуни 2022 - 13:34