Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Победнички цртан филм со култно Фиќо

Легендите од JustCartoons по анимираниот филм од историската победа против Германија сега направија цртан филм и за десантот во Италија.

Фотографии за вечност

Без разлика што ќе се случи на стадионот „Драгао“ во вторник од 20:45 пред 50.000 гледачи, македонската фудбалска репрезентација направи подвиг кој треба да се изучува на спортските академии.

Турски навивач пукаше во телевизорот по промашен пенал

Додека Македонија биеше битка на Сицилија, Турците во второто полуфинале се бореа во Порто против силната Португалија. Во еден момент при резултат 2-1 за домаќинот, гостите имаа пенал во 85’ минута за израмнување и драма во продолженија. Ама Бурак Јилмаз го промаши и Португалија до крајот даде уште еден гол за 3-1.

„Секогаш верувај во соништа и ќе ти се остварат“

Стрелецот на златниот гол за Македонија во триумфот од 0:1 во Италија, Александар Трајковски го постигна и последниот гол за стариот легендарен клуб Палермо кој згасна. На истиот стадион сега даде уште еден историски погодок.

Фештата во центарот на Скопје за македонските јунаци

По историскиот настап на кошаркарите во Литванија, по ракометните европски титули на Вардар, по чудото со Германија, централните градски улици во Скопје синоќа го доживеаа и славјето за сензационална победа над европски шампион.

Стручните аналитичари на ЕСПН за Македонија

Франк Лебеф, Шака Хислоп, Кеј Мареј и Габриеле Маркети анализираат афтер шокови по неверојатниот триумф на македонските фудбалери против Италија.

Шестминутно ежење од Палермо

Македонија ја направи најголемата фудбалска сензација досега во 2022. На колена ја спружи Италија која во јуни минатата година ја покори Европа. Лудило!

Ио соно Мачедоне

Наш човек на Сицилија, утрото после историска вечер. Влегува во фан шоп на фудбалскиот клуб Палермо и почнува да му го прави денот на еден Италијанец.

Што објавија светските медиуми за чудото на Македонија?

Да имаше фудбалска Рихтерова скала, потресот кој го направи Македонија среде Италија не ќе можеше да се измери. За таа сензација пишуваат сите големи медиуми.

Наполитанците објавија видео од славјето на Елмас и другарите

Елиф, Енис, Даре, Боби и Џани на излез од стадион. Славете јунаци.

Да ѕирнеме во соблекувалната на Македонија

Кој не полуди не е нормален, напиша СО ПРАВО админот на официјалната Фејсбук страна на Македонската фудбалска репрезентација.

„Ова е најтежок момент во целата моја кариера“

Човекот кој во играчка и тренерска кариера има освоено неброено трофеи, тренер кој ја освои најлудата титула во историјата на англиската Премиер лига со гол на Агуеро во последни секунди и човек кој освои неколку скудета со Интер. Македонија го остави без прави зборови.

Последните 2 минути и судискиот свиреж за делириум на Ренцо Барбера

Речиси 90 минути се браневме, што е разбирливо, бидејќи противникот се вика Италија, четирикратен светски и актуелен европски првак кој не смееше да си дозволи ваков кикс од гигантски размери. Пропушта два Мундијали во низа, а Манчини изјави дека целта е да го освојат. Судиското продолжение ни донесе неверна сцена во Палермо. Морници и тресење од возбуда. Уживајте.

Селекторот Милевски: „Ги победивме Италијанците на италијански начин“

Со маестрална, храбра, крвава борба, македонските фудбалери оддолеа 92 минути на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо и во последен момент му зададоа нокаут на европскиот првак. Еврогол на Трајковски кој го шокираше светскиот фудбал.

Трансот на македонските навивачи на голот на Трајковски

Не постојат зборови со кои може да се долови чудото кое Македонија после триумфот кај Германија, го направи и кај актуелниот европски шампион. Светот на спортот одново е во позитивен шок. Македонија оствари историска победа за која генерации ќе зборуваат, пишуваат, творат.

Нова епска сензација на Македонија, четирикратниот светски првак е на колена

Ако 31 март 2021 е веќе запишан во историјата на македонскиот фудбал кога капитулираше Германија, да го додадеме и 24 март 2022-ра на кој со златни букви запишуваме уште едно резултатско лудило. Италија - Македонија 0:1.

Како згрми македонската химна на Ренцо Барбера

Интонирањето на двете химни дадоа прекрасен вовед во спектаклот на Ренцо Барбера кој крца до крај. Македонската химна мина низ свирежи од навивачите, но секоја чест за италијанските новинари кои се обидоа да ги покријат со аплаузи.

Лидерот на најдобриот НБА тим имаше порака за навивач во прв ред

Феникс Санс е убедливо прв во цела НБА лига со 59 победи и 14 порази. Во ноќта меѓу среда и четврток Санс ја совладаа Минесота Тимбервулвс 125:116. Девин Букер постигна 28 поени со 3 скока и 7 асистенции. А имаше и порака до еден навивач кој од прв ред му дофрлал.

Два гола во финишот кои ја однесоа Јапонија на Светско првенство

На меч меѓу Австралија и Јапонија во претпоследно коло од квалификациите беше 0-0 до самиот финиш. А тогаш во 84’ минута во игра влегува 24-годишниот Каора Митома од лидерот во белгиското првенство Ројал Унион и дава два гола, во 89’ и 90+4’ минута. Голови вредни пласман на Светско првенство 2022 во Катар.

Тајсон за малку ќе западнел од играчка во плачка, се потегнувл пиштол во бар

Во вторникот непознат човек прекинал една комедија со цел да го предизвика Мајк Тајсон да се тепаат на договорена „ферка“ со цел да си го подигнел статусот. Во еден момент непознатиот гостин вади пиштол и му вика на сопственикот на барот: „Гледај ова е лесно“. После се свртел кон Тајсон и му рекол: „Те сакам, честитки за сите твои остварувања, стварно, да не беше ти, немаше да имаме инспирација“.

Како Македонија играше досега против Италија

Во историјата имаме два натпревари против италијанската репрезентација. И двата беа вистинско уживање, со голови и многу отворен фудбал на двете страни.

Манчини: „Потребна е смиреност и трпение“

Италијанскиот селектор кој на оваа репрезентација ѝ го донесе европското злато минатото лето и со златни букви е испишан во фудбалската историја на Италија, вели дека неговите играчи вечерва на мечот со Македонија треба да бидат трпеливи.

Македонците направија фешта во Палермо

Во земјата на пицата и тестенините, македонските навивачи синоќа најдоа катче по свој мерак со скара и евтино пиво. На менито имаше и македонски песни, а во еден момент забавата стана уште полуда откако се појави таксист на кој му се испентарија и моторџија кој беше спремен со македонската химна, рокната на звучници. Јака забава падна, на која се воодушевија и полицајци кои кога поминаа стегнаа лајк со прстот.

Батали интервју, како капитен да одам да ги раздвојам

Во полуфиналето од првиот дел на бразилското првенство, познато како Гаучо, се одигра големото дерби Гремио - Интернасионал. На првиот меч Гремио славеше 0-3 на гости а сега ривалите победија со 0-1. После мечот дошло до нереди а капитенот на Гремио, Жеромел прекина интервју кога настана гужва.