Ѕидарот што дојде во Јувентус како наследник на Кјелини

Жесток изглед со свиреп израз на лице и Вотсап статус „Јас последен ќе умрам“. Ова не е опис на Џорџо Кјелини, вечниот фајтер на Старата дама, туку илустрација на Федерико Гати, нов касапин кој го наследува славниот Џорџоне во одбраната на Јувентус и на Италија.

ПАТОТ НА ГАТИ ДО ЈУВЕНТУС Е ПРАВ ФИЛМ

Статусот на Вотсап и мимиката со урлање во неговата игра не се маска на Федерико Гати, новиот фудбалер на Јувентус. Тоа му е начин на живот. На неговиот Инстаграм има 26 објави за три години а меѓу пријателите има само проверени стари другари.

Кога го прашале за славата и парите кои го кренале на врвот, тој одговорил: „Девојка ми е од Вербаниа. Се гледаме уште од времето кога немав ништо. Кога стигнав на врвот, го споделив успехот со тие кои беа со мене од почеток“.

Скромноста му е најголема дарба.

 

На 14 години Федерико Гати не го сметале за доволно перспективен талент во Торино, а на 16 не поминал ниту во клубот Алесандрија од Серија Ц. Си нашол свое место во анонимното клупче Павароло. Овој тим играл во 6-та лига, нешто како градските аматерски турнири но дури и тука стигнал благодарение на познанството на директорот на клубот Франко Чиприани со семејството.

Во 2015-та година татко му останал без работа па така аматерскиот фудбал за 17-годишниот Гати станал само хоби наместо професија. Тој станал продавач на пазар. Станувал во 4 часот наутро, одработувал цела смена и навечер одржувал двочасовен тренинг. Фудбалот и работата му носеле околу 300 евра месечно а тој за себе не оставал ни цент.

„Татко ми многу се пожртвуваше за мене. Јас му бев должен. Семејството за мене е сè“, вели Гати.

За да заработува повеќе, Гати отишол да ради и како ѕидар.

„Не беше лесно. Станував во зори и одев на работа, дури и кога на улица уште имаше мраз. Орав 9-10 часа, после работа правев триесет минути пауза за ручек и пешки одев на тренинг. Завршував во 10 навечер, јадев и легнував а во рани зори пак станував. На тренинг доаѓав цел искречен. Но среќен сум што поминав низ сето тоа. Потешкотиите ме искалија“, вели Гати.

Кариерата на младиот Федерико кој игра класичен стопер во одбрана лесно можела да заврши во минорните лиги ако не се изборел за својот статус. Во 2017-та од позиција зад напаѓачите се вратил во центар на одбрана.

„Клубот Павароло се распаѓаше, екипата си замина. Јас останав зошто просто сакав да играм. Клубот собираше млади играчи. Јас бев највисок и тренерот ме префрли во одбрана. Тоа ми го смени животот“, се сеќава Гати на почетоците.

После една година талентираниот стопер се преселил во клубот Вербанија, еден од лидерите во 5-та лига. Интересно Гати дознал на преговорите дека директорот гради нова вила, па веднаш му се понудил за молерај и мајсторлук со ѕидање. Фудбалот и градежништвото му носеле 900 евра месечно.

Така било се до 2020-та година а после следел неочекуван пресврт. Гати од Серија Д се нашол во Серија Ц па набрзо станал и најдобар одбранбен фудбалер во силната Серија Б, втора италијанска лига. За две години поминал пат од местење кров до премин во Јувентус и деби во репрезентацијата на Италија!

„Никој и не можеше да претпостави дека тој ќе изгради таква кариера. Карактерот е тоа што го истакнува Гати. За да го опишам него, би го цитирал Сун Цу (кинески воен генерал, писател и филозоф):

„Воините-победници прво победуваат па одат во битка. Поразените воини прво се вклучуваат во битка, а после се обидуваат да победат“:

Патот на Федерико Гати:

16-18 години: клуб Павароло, примарна работа продавач на пазар
18-20 години: клуб Павароло, примарна работа ѕидар
20-22 години: клуб Вербанија, примарна работа фудбалер во Серија Д
22-23 години: клуб Про Патрија, примарна работа фудбалер во Серија Ц
23-24 години: клуб Фрозиноне, примарна работа фудбалер во Серија Б
24 години: Премин во Јувентус и деби за репрезентација на Италија.

ГАТИ Е РАЗНОВИДЕН ОДБРАНБЕН ФУДБАЛЕР

Еволуцијата од 10-ка во стопер не е главен дел од кариерниот бекграунд на Гати. Тој е стопер со уникатни квалитети. Новинарот на L’inchiesta Роберто Де Лука, специјализиран на Фрозиноне, го споредува со Милан Шкриниар. Директорот на Фрозиноне Гвидо Анџелоци го нарекол Гати „Кјелини со нозе на Бонучи“.

„Ми се допаѓаат тие жестоки зглобови, разговорите на терен. Кјелини ме инспирираше мене, како и јас, и тој никогаш не се предава“, се опишува сам себе Федерико Гати.

Споредбата со Џорџо, помешана со техниката на некогашната 10-ка го одредила стилот на игра на Гати. Да се разбие напаѓачот во директен физички дуел, дури и ако тоа не го бара ситуацијата. Веднаш да се ослободувате од топка со долг пас и да му се извикате на противничкиот играч.

 „Лежи животно!“, тоа е стилот со кој Гати во жарот на борбата им се обраќа на противничките напаѓачи. Тој го учи напаѓачот дека приемот на топка значи и претрпена болка.

Директорот на Вербанија, Пјетро Фасоли рекол за него: „Гати води војна со сите кои можат да направат разлика во резултатот“. 

А самиот Федерико вели:

„Од каде доаѓа тој тежок карактер? Од татко ми и од бесот кој ми се собирал внатре. Ова е мојата одмазда. Никаде не ме земаа, ме исфрлаа од младинските селекции на Торино и Алесандрија. Сега со сила го пробивам патот“. Федерико Гати е многу ефективен. Прејак е дури и за стопер, а брз е на кратко растојание и скоро непобедлив во воздушен дуел. Има сјајна визија на теренот и ја чита играта на противникот. Тренинзите како 10-ка на времето му ја усовршиле техниката. Тој периодично давал долги пасови како Кулибали и Бонучи.

Неговат работна етика е негова извонредна особина.

„Секогаш сум незадоволен од себе. Добрата игра не ви е доволна ако сакате да растете“, вели наследникот на Кјелини. 

А претседателот на досегашниот клуб на Гати, Фрозиноне, Маурицио Стрипе за него вели:

„Гати е психички јак. Знае што сака и не се плаши од никој. Играњето на неколку позиции го развило во технички тактички смисол. Сега е добар на неколку позиции, многу е опасен во поединечни дуели и има вештина на плејмејкер. Нема слабости. Мислам дека е спремен за Јуве. Во Серија А Гати може да се носи со секого. Ќе стане посилен и од Кјелини“.

Селекторот на Италија Роберто Манчини за Гати вели дека тој, Бастони и Скалвини се идната одбрана на репрезентацијата, а Барѕаљи и Стрипе додаваат дека Федерико Гати е потенцијално изненадување во новата сезона.

Дебитираше за Италија во дуел со Англија на гости во Лига Нации и ги исполни очекувањата - беше прогласен за играч на мечот. Тој ги доби сите дуели, спаси чист гол и го стави Теми Абрахам (еден од најдобрите стрелци во Серија А) во џеп.

Единствен реален недостаток на Гати може да му е недоволната брзина на кратки растојанија, тој сака да трча на широки пространства а на кратко растојание бавно развива брзина. Но фудбалот на Макс Алегри со длабока позициска одбрана ќе ги замаскира сите маани на Гати и ќе ги нагласи неговите предности: снага, концентрација и експлозивност.

27 јуни 2022 - 12:24