35 годишниот Стоилов кој веќе 11 години му е верен на Вардар нема да си оди и ветува нова битка за титулата, како и надминување на проблемите.
Тој бил присутен кога на двократниот европски првак му била ветувана финанска помош и вели дека не е нормално да не се реализира ништо од ветеното.
„Многу сум разочаран од одлуката на ЕХФ, мислам дека не се свесни каква е ситуацијата во клубот и некако бездушно го казнија Вардар. Долговите се при крај, клубот конечно застанува на здрави нозе, но оваа казна ги погоди сите во клубот. Нè врати многу назад.
Тука сум долго време и немам намера да си одам зашто ќе го надминеме и ова. Се надеваме дека Михајло ќе остане дел од клубот, ги разбирам неговите мотиви, но верувам дека не е дојдено времето да се повлече. Тој го спаси Вардар од колапс, но клубот сѐ уште не е спасен. Сакам да апелирам, не беше многу одамна кога освоивме титула, се забораваат успесите многу бргу.
Вардар не може така да згасне, сум ги слушал и јас ветувањата, но тие се празни. Треба да се помогне, ситуацијата е тешкa, меѓутоа може да се исполни барем дел од ветувањата. Пак ќе одиме на титула, иако ќе биде многу тешко. Пелистер има респактабилна екипа, но ние сме Вардар, ние сме шампиони секоја година и повторно одиме на титула.
Знам дека е тешко време, пандемија, војна, не е лесно да се обезбедат средства, но да се реализира нула од она што е ветено, тоа не е нормално“
Михајловски: Добив помош еднаква на нула, не сакам да помислам на судбина како Кометал