Во Јане Сандански долго време се провлекуваа проблемите околу финансиите, што беше чудно со оглед на тоа што го имаа газда Сергеј Самсоненко.
Воспеван како руски тајкун, кој наводно од љубов за Вардар изгради нова сала, хотел и шампионски тим.
Но според тогашните сведочења на играчите, очигледно дека повеќе тие играле од љубов.
Шпанците Хорхе Македа и Жоан Кањељас, како и нивниот тогашен тренер Раул Гонзалес, пред две години за весникот Мунди Депортиво изјавија:
„Првата година Вардар исплаќаше, но во втората година работите се променија. Вардар стана европски шампион без да ни плати. Затоа постои бес кај нас играчите. Ние не сме се пожалиле во ЕХФ, бидејќи се надеваме дека ќе ни биде исплатено, ама времето тече“, изјави Македа.
„Вардар должи многу пари, неколку играчи сме во иста ситуација. Со години ни ветуваа дека ќе биде исплатено, ама ништо од тоа. Последен пат ветувањето беше до јануари“, рече Кањељас.
„Веруваме во претседателот Самсоненко, но тој ни нема платено сè што ни должи. Комплицирано е. Не знам дали ќе ни платат, но сè додека постои Вардар, постои и надеж“, изјави Раул.
Михајло Михајловски го преземал Вардар со долгови спрема играчите од 2,5 милиони евра
Дибиров и Стоилов се разочарани и чекаат информации, Дејвис заминува