Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Жаклина во Палермо

Го имаме царот - падобранец на македонската забава во Палермо во очи на мечот Италија - Македонија. Влета со мотор и звучки и тоа спремен со македонската химна, а потоа ја пушти и славната „Жаклина“ од Цане Николовски. Па нема појак.

Големо интервју на Пандев за Кориере: „Италија е фаворит, ама ние ја победивме Германија“

Напаѓачот на Парма и најдобар фудбалер во македонската историја вели дека овој натпревар со Италија е она што најмалку го посакувал, но и дека притисокот сега е на Италија.

Шпанскиот репрезентативец Белерин: „Немој да сме лицемерни, не гледав стори и објави за Палестина, Ирак, Јемен“

Скоро на прсти може да се набројат јавни личности од Европа чие поинакво мислење во врска со воениот конфликт меѓу Украина и Русија е јавно објавен во западните медиуми. Еден од тие кои отворено зборуваа за лицемерието е шпанскиот репрезентативец, фудбалер на Арсенал позајмен во Бетис.

Што може Македонија на гостувањето кај европскиот шампион Италија?

Со ровитиот Аријан Адеми кој веќе долго време влече повреда, без Елмас и Костадинов кои се суспендирани поради жолти картони и без повредениот Адис Јаховиќ, нашите момци ќе мора да стегнат заби и да се обидат да направат нов историски подвиг.

Шекил проба да збори српски со Јокиќ

Шек е вљубен во играта на Никола Јокиќ, често во студио го брани ставот дека Србинот заслужува да добие уште една МВП награда за најдобар играч на сезоната а неретко и му се обраќа на негов мајчин јазик.

Нова смешна епизода Шектин а Фул

Знае Шек да направи добра компилација заебанции од НБА паркетите. Просто нема утка во изборот на кандидати за најсмешен потег на колото.

Најдобрата тенисерка на светот неочекувано преку ноќ заврши кариера

Дваесет и пет годишната Австралијка Ешли Барти преку видео порака објавена на социјалните мрежи објави дека ја завршува кариерата. Заминува во играчка пензија на само 25 години откако освои неколку златни трофеи.

Eлмас во коментар го пецна Инсиње пред мечот со Италија

На неколку часа пред големиот мегдан Италија - Македонија, капитенот и легенда на Наполи Лоренцо Инсиње на Инстаграм објави фотографија од тренингот на Италијанците. Елмас во коментар му објави неколку македонски знаменца

„На плоштад ќе направам голема торта ако се пласираме на Светско“

Елиф Елмас, македонскиот дијамант поради суспензија од жолти картони нема да игра во баражот со Италија, но се надева дека неговите другари ќе му овозможат голем мегдан против победникот од дуелот Португалија - Турција.

Остров во морето на модерниот фудбал - на Виљареал навивачите му се поважни од парите

Модерниот фудбал е бизнис во кој сè помалку има место за некои стари добри вредности. Има уште малку примери во кои емоцијата кај навивачите е поважна од парите.

Македонија со песна испратена за Палермо

Навивачи од Велес, Прилеп, Скопје, Куманово и други градови денес дојдоа до седиштето на Фудбалската федерација каде со песна ги охрабрија нашите фудбалери пред еден од најголемите предизвици во репрезентативната историја.

Италија во баражите низ историјата: Од мразот во Москва со младиот Буфон, до бламот со Вентура

Четирикратниот светски шампион само два пати играл во бараж за пласман на Светски првенства, но искуството од тие две епизоди им е огромно. Знаат каква е горчината на поразот во најважните натпревари.

Каква Италија ја чека Македонија во баражот за Светско првенство 2022?

Европскиот шампион се лизна во квалификациите и од готово направи вересија. Долго време беа први на табела, имаа карта за Катар во рака, но кикснаа во финишот и Швајцарија им го зема првото место, а Аѕурите ги испрати во баражот.

Евроголот на Пелегрини на дербито од сите агли

Уште од времето на Франческо Тоти не се видел таков прекрасен гол од слободен удар на вечното римско дерби. Рома славеше 3:0 а третиот гол со кој точка на мечот стави капитенот Лоренцо Пелегрини беше право ремек дело.

Гол на Бенфика каков што не се дава ни на Сони Плејстејшн

Бенфика со 2-1 го совлада Есторил а тоа што за првиот гол на домашните го направи Рафа Силва многу лесно може да биде кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на сезоната.

21 март - денот кога е роден големиот Ајртон Сена

На 21 март 1960-та во бразилски Сао Пауло е роден идниот трикратен шампион во Формула 1 и еден од најдобрите пилоти на сите времиња Ајртон Сена. 

Жозе Мурињо: „Не ги отпишувајте Турција и Македонија“

Рома во првиот дел од сезоната беше поразена од градскиот ривал Лацио 3:2, но во неделата се одмазди и славеше со убедливи 3:0. Жозе Мурињо беше „пун ко паун“, горделиво даваше изјави после мечот и ја спомна и Македонија.

Како дете бегалец од Гвинеја се прослави со дебитантски гол за Аталанта

Покрај големото градско дерби Рома - Лацио (3-0), во Серија А викендов голем хит стана и еден млад фудбалер на Аталанта роден во Гвинеја.

Возрасно магаре зема дрес пред деца

Ајакс и Фејенорд одиграа фантастично дерби Der Klassieker, најголемиот меч во Холандија. Гостите водеа на два пати, прво 0-1 па 1-2, за да на крај Ајакс направи голем пресврт и со гол на Бразилецот Ентони во 86’ минута да слави 3-2. Јунакот доби и црвен картон во судиското продолжение а после мечот отиде да дава дрес на деца, ама еден постар лик му го грабна од рака и го снема.

Голем спектакл на Монументал, Бока го скроти Ривер

Во 7. коло од аргентинскиот Лига Куп се одигра најголемото дерби на светот од навивачки агол, Ривер Плејт - Бока, прво нивен дуел годинава. Гостите победија 0-1 со гол на Себастијан Виља во 54’ минута. Трибините раскошни како и секогаш, песна грмеше без престан.

Чави направи сјајна атмосфера во соблекувалната

Барселона, уште од времето кога тој диригираше со играта не го декласирала Реал Мадрид како синоќа на „Сантиаго Бернабеу“. 0-4, а можеше да биде многу поубедливо. Чави Ернандез направи чудо со отпишаниот тим кого некои не го гледаа ни во Лига Европа од следната сезона. Имаат серија од 13 меча без пораз и растураат во Ла Лига и Лига Европа.

Барселона го понижи Реал среде Мадрид

Неочекувано за оние кои задремаа со очајните резултати на Барселона во првиот дел од првенството, но не и за оние кои ја следат страшната серија на Каталонците од 13 меча по ред без пораз во Серија А. На „Сантијаго Бернабеу“ Барса го распарчи Реал Мадрид со 0-4 а на крајот можеше да биде уште поубедливо.

Историски гол на римското дерби, Рома го прегази Лацио

Како ретко кога во последниве години, фудбалерите на Рома го декласираа најголемиот ривал, Лацио во вечното римско дерби 3:0. Романистите поведоа уште во 56’ секунда од мечот преку англискиот центарфор Теми Абрахам кој искористи една одбиена топка по корнер.

Супер голови на новата надеж на македонскиот ракомет - Павле Атанасијевиќ

Селекторот и играч Кире Лазаров врши одлична работа со постепена смена на генерацијата. Неколку млади, перспективни ракометари веќе ја почуствуваа дражта на Светско и Европско првенство, а некои сега добија шанса да се докажат. Дебитантот од првиот меч Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2 постигна два убави гола на натпреварот со Романија.