Четирикратната олимпијска медалистка, Американката Анита Алварез (25) настапувала со технички програм во финалето на соло турнирот на Светското првенство. Пред крајот на изведбата изгубила сознание и некое време не се појавила над водата туку паднала без свест на дното на базенот.
Присутните забележале дека нешто не е во ред а прва реагирала селекторката на САД, латино-американката Андреа Фуентес која скокнала во базенот во облека и допливала до Анита.
„Беше многу страшно. Морав да скокнам зошто спасителите не скокнаа. Се преплашив зошто видов дека не дише“, рекла Фуентес пред новинарите.
Кога селекторката на САД ја извадила синхронистката на површина, веднаш дошла и брза помош. Ја положиле на носилки и ја однеле до медицинскиот центар. Немала никакви видни повреди.
„Имаше вода во себе, а кога почна повторно да дише, сè беше во ред. Изгледаше како да трае цел час! Кажав дека нешто не е во ред, викав по спасителите за да влезат во вода но тие не ме слушаа и не сфаќаа што зборувам. Она не дишеше, пулсот и беше многу висок. Пливав кон неа најбрзо што можев како да е финале на Олимпијада.
Кога ја стигнав, таа не дишеше а вилицата и беше стегната. Ја ставаа на грб, но јас ја наместив странично за да можев да дишам. Многу брзо си дојде при себе иако две минути не дишеше и имаше пулс 180.
„Анита е добро - докторите ги проверија сите витални органи и се е нормално, срцето, пулсот, кислородот, нивото на шеќер, крвниот притисок, се е ок. Ние понекогаш забораваме дека ова се случува во високо-исцрпувачки спортови како маратон, велосипедизам, крос каунтри. Сите сме виделе слики од некои спортисти кои не успеале до целната линија и други им помагаат да стигнат до таму. Нашиот спорт не е поинаков од другите, само е во базен, ние одиме преку границите и понекогаш ги наоѓаме.
Имаше момент кога навистина се преплашив а сега се смееме заедно. Се онесвестила од пренапрегање. Денес видовме каде е границата. Тоа е она што значи да се биде спортист - сакаме да видиме каде се наоѓаат границите на човековото тело. А она е тип која сака да оди до крајни граници“, го раскажала целиот настан Фуентес која е херој на годината.
„Анита е добро и докторите исто рекоа дека е добро. Утре ќе одмора цел ден и ќе видиме што ќе кажат лекарите дали ќе може да пливе во слободно тимско финале или не“.