Се огласи пливачката која падна во несвест: „Луѓето не можат да замислат колку често губиме сознание“

Целиот спортски свет и пошироко беше шокиран, откако на Светското првенство во водни спортови во Будимпешта 25-годишната латино-американка Анита Алварез остана без свест среде настап во базен, а нејзиниот тренер Андреа Фуентес без размислување скокна во базен и ја извлече навреме синхронистката.

Фотографиите кои го заобиколија светот, ја приближија јавноста до спортот кој е неправедно занемарен. Храбрата Фуентес, тренер и селектор на женската селекција на САД во синхроно пливање, рече дека пливала брзо како да е на олимписки настап и дека во еден момент многу се преплашила кога видела дека нејзината пливачка не дише.

Таа е јунак на годината во светот на спортот и заслужува орден за храброста.

Но не ѝ е првпат да гледа вакви сцени. И лани во Барселона исто ја вадела Анита која во Будимпешта изгуби свест па ја спасија. Самата пливачка вели:

„Не почуствував болка додека не беше готово. Како и во атлетика дури кога ќе застанете после трчање чувствувате болка. Уживав во настапот, и наеднаш се стана црно. Некогаш го тераме телото до крајни граници, па некогаш таа граница ја прескокнуваме. Тоа ми се случи мене сега. Се случува и во други спортови. Во нашиот спорт се бодува спојот на хармонија и среќа па луѓето не го сфаќаат тоа. Се смееме и изгледаме опуштено па тоа сокрива колку навистина сето тоа е захтевно. На крајот од тренингот умираме од напор. Не можеме да мрднеме“, вели Анита која што го шокираше светот а нејзиниот тренер се прослави јуначки откако скокна во базен и ја спаси.

А не ѝ е првпат да губи сознание.

„Луѓето не можат ниту да замислат колку често паѓаме во несвест. Привлеков големо внимание зошто ми се случи на Светско првенство, но на пливачите во овој спорт тоа секојдневно им се случува“, искрено признава Анита Алварез за шокот што се случи на Мундијалот во водни спортови.

Не очекувала дека сликите од тоа како нејзината храбра предводничка ја спасува ќе го обиколат светот.

„Бев шокирана! Не очекував дека нешто такво ќе биде објавено, па после се смирив. Не гледав на тоа негативно. Сега мислам дека фотографиите се некако убави. Да се видам во вода, така мирна и тивка и да се види Андреа како се симнува со испружени раце да ме спаси како суперхерој.... Поенкогаш под вода е најмирното место на вет. Седиш на дното на базенот во тишина. Како да немаш тежина.

Како да немате тежина, како да сте сами со себе. Ми треба тој момент понекогаш. На фотографиите се изгледа природно иако е многу тешко да извлечеш некој од дното на базенот на површина, посебно кога нурнувате во облека“.

Докторите набрзо откако излегла од базен констатирале дека сите витални органи и се во ред, дека таа е добра, а ги направила и сите потребни прегледи.

„Одморав цела ноќ и цел ден. Телото ми се чувствува нормално. Тоа веќе ми се случуваше. Одмораш и утредента се враќаш во вода. Така треба да се прави за да не се оптеретите. Докторите ме прегледаа. Чувствувам дека моето тело може да го поднесе тоа и дека се е до мојот ум. Сакам да го завршам турнирот со високо крената глава. Сакам колегите да можат да ми веруваат и тоа да не прави посилни. Многу сум задоволна со својот настап“, констатирала Анита Алварез (25).

Јуначки потег на годината: Женски тренер скокна по пливачка која изгуби свест

24 јуни 2022 - 14:46