Динамо Загреб успеа потајно без голема помпа да го доведе најголемиот хрватски талент во моментов, младиот стопер Бошко Шутало од Аталанта за 3 милиони евра. Интересно, во тимот на нашите Ристовски и Адеми веќе игра еден друг фудбалер со презиме Шутало. И Бошко и Јосип Шутало се стопери. И двајцата се високи 1.88 см, двајцата ги почнале кариерите во ФК Неретва, а немаат никаква роднинска врска.
Родени се во 2000-та а Бошко е постар два месеци од Јосип - 1 јануари и 28 февруари. И Бошко и Јосип имаат хрватски пасош но Бошко е роден во хрватскиот град Метковиќ, а Јосип во Каплина во БиХ. Меѓу овие градови има петнаесетина километри.