Јужнокорејски уметнички колектив со интересно име - Pepperoni Seoul дизајнирал свежа колекција фудбалски дресови која е направена во чест на борбата против пица со ананас каква се пропагира во последниве години.
Основна инспирација за дизајнерите на овие дресови е идејата за заштита на класична италијанска пица и отфрлање на хавајска варијанта со ананас во пица што многумина го сметаат за сквернавење на најубавата храна.
Фотосесијата на Јужнокорејците покажува дека направиле копија на класичните дресови на Њукасл од крајот на ’90-те години кои ги прослави Алан Ширер.
Само наместо познатото спонзорско лого на локалната пивара на дресовите на Њукасл, корејските дизајнери го замениле со натпис: „Кажи не на ананас“
Во неодамна објавената колекција се наоѓа и помалку радикална бела варијанта на дресот кој од напред е неупадлив но истиот анти-ананас повик го има на грбот.
Покрај онлајн продажбата на дресовите, дечките извеле и тематско фотографирање. Овие дресови може да се купат за 4.800 денари. Сличен перформанс дизајнерите кои ги соединиле класичниот фудбалски дрес и класичната пица. Минатата година изработиле дрес во поддршка на пицата пеперони чиј назив го изработиле на класичниот дрес на Интер на кој на времето беше спонзорот Пирели ((Pirellli) кој 26 години ги водеше нераѕурите.
Поддршка дечки и од нас. Стоп за пица со анананс и сквернавење на вековната класична пица.