Нуров ја обезбеди победата во драматично финале со пресврт од 0:3 на 4:3, откако губеше од Турчинот Фејзула Актурк.
Пресуден беше мајсторскиот зафат во последните секунди, вреден два поени за голема радост во таборот македонската делегација која отпатува во Оран, Алжир.
Со ова највисоко одличје за македонскиот спорт, тој го одбрани златниот медал од пред четири години во Тарагона, Шпанија.
Погледнете ја борбата на нашиот јунак и слушнете ја химната на Македонија.
И вториот медал во Алжир е дело на наш борач, а тоа е Владимир Егоров кој стигна до бронза.