Да е на хокеј па да разбереш, ама голема општа тепачка на бејзбол?

Масовните тепачки во американскиот спорт се честа појава. Особено во хокејот и во американскиот фудбал. Ама сега на бејзбол мечот меѓу Сиетл Маринерс и Лос Анџелес Енџелс се степаа повеќе од триесетина играчи, тренери редари. Прекинот траел цели 18 минути а епилогот бил исклучени шест играчи и тренерите на двата тима Фил Невин и Скот Сервејс.

Општата тепачка започнала поради неколку погаѓања со топче во тело на противникот. Џеси Винкер немал нерви откако Ендрју Вантц го погодил со топче во тело и бидна што бидна: 

28 јуни 2022 - 11:37