Багз Бани: Мајкл, ни треба твоја помош!
Мајкл Џордан: Извини, но јас сега сум бејзбол играч.
Багз Бани: (иронично) Аха да... А јас сум Шекспиријански глумец.
Ова е само дел од односот на јавноста кон Мајкл како бејзбол играч.
Искуството на Мајкл Џордан во бејзбол често се сметаше за катастрофа или најмалку за разочарување, во голема мера и затоа што и тој самиот секогаш гласно се смееше со тоа и никогаш не се почуствува навреден со ваквите исмевања, како во филмот Спејс Џем, така и во Најк рекламите.
Но дали неговата појава во бејзбол била баш толку очајна?
ПАТОТ ВО БЕЈЗБОЛ - ЧУДЕН ОБРЕД НА САМОТЕРАПИЈА
Сопственикот на минимален пакет акции во клубот Чикаго Вајт Сокс, Еди Ајнхорн еднаш го кажал можеби најточниот опис зошто Џордан почнал со бејзбол:
„Ова е секако аматерска психологија, ама стално ми се чини дека Мајкл се казнува на некој начин со цел да си прости на себе за смртта на татко му. Тој можеби не го бара намерно тоа страдање, но бара начин како да биде со татко му“.
„Изгледа стварно е така, зарем не?“, одговорил со контра прашање Џордан и продолжил:
„Дефинитивно отворено страдам. Всушност сето тоа не го доживувам така за да се изложувам на доброволно страдање. Повеќе сакам да мислам дека сум доволно силна личност за да се справам со околностите.
Да можам да го вратам татко ми, ќе страдам поради тоа без проблем. Само што тоа е невозможно. Тој секогаш носеше позитива во мојот живот. Памтам како викаше дека нашата детска екипа ќе игра во МЛБ. Ми викаше тогаш: „Ако направиш хоум-ран ќе ти купам стек“
Игравме еднаш во Џорџа, а таму имаше огромно игралиште. Јас во четвртиот ининг ја удрив силно топката преку ограда и го израмнив резултатот на 3-3. Изгубивме 4-3 но во целиот свој живот во спортот никогаш не сум доживеал такво нешто..
Џордан размислил да ја напушти НБА уште во 1992-ра година кога почуствувал дека губи мотивација, кога ги победил сите противници рамни на себе, изморен од гласините околу себе. Тоа се случило во есента 1993-та година, веднаш откако телото на убиениот татко го пронашле во мочуриште во Јужна Каролина. (Повеќе за ова тука).
Мислата за бејзбол не била негова.
„Идејата ми ја даде татко ми во текот на сезоната 1990/1991: тогаш Бо Џексон и Дејон Сандерс се пробаа во два различни спорта и татко ми кажа дека јас би можел да се пробам во бејзбол. Мислеше дека во кошарка докажав се што можев и дека дошло време да размислам за бејзбол. Тогаш му реков: „Како да не, ништо не сум направил, уште не сум ја освоил ни првата титула“. А после освоив шампионска титула, па после уште две. А потоа татко ми го убија...“
Џејмс Џордан и самиот играл бејзбол на полу-професионално ниво. Тој секогаш бил убеден дека син му ќе се реализира токму во бејзбол и не можел да се помири што Мајкл повеќе сакал друг спорт.
Мајкл Џордан завршил со бејзбол прво уште на 15 години (играл за школскиот тим и се откажал после слабите партии на првите неколку натпревари). И иако секогаш ја спомнувал историјата со добиениот хоум ран како главен настан во својата боата спортска биографија и признанието МВП на држава како највреден трофеј, сепак трезвено ги оценувал своите бејзбол квалитети.
Џордан на 12 години играл во Литл-лига. Едвај преминал на повисоко ниво, во Бејб Рут лигата и се испоставило дека е просечен играч дури и за школски стандарди.
Трагичната смрт на неговиот татко му го избришала од меморија сознанието дека е просечен бејзбол играч. Повеќе од една година Џордан живеел со среќни спомени од детството поврзани со бејзбол и се обидувал да го оствари туѓиот животен сон - да стане професионален бејзбол играч.
Бејзболот не му дал ништо од она што го кажал на прес-конференција кога шокантно најави крај со НБА лигата.
Мајкл Џордан одново имал возбуда: неговиот тим играл во втора лига, но редовно полнела стадион. Како и во НБА, така и тука тој бил следен од толпа луѓе кои барале автографми и сакале да го допрат и да се сликаат со идолот. Како и додека беше во НБА, така и сега во бејзбол за него се пишувале книги, статии во Sports Illustrated, а на ЕСПН снимале документарка. Како и во НБА, така и тука тренероте и соиграчите го гледале како божество симнато на Земјата.
Џордан не можел да се одмори од ритамот на професионалниот спорт. Седнувал во автобус и се возел по 10-12 часа на гостувања со екипата. Во една сезона одиграл скоро 130 меча. Немал никакви отстапки. Не само што не пропуштал тренинзи туку и работел со тренери посебно наменети за него и по неколку пати на ден за да се прилагоди на спортот со кој не се занимавал цели 17 години.
Мајкл не можел да биде со своето семејство. Неговиот тим имал база во Бирмингем, така што дури и да не се бројат гостувањата, тој најчесто бил сам, поточно со возачот и добар пријател Џорџ Келер.
Понекогаш доаѓал со сопругата, а за време на викендите и со децата.
„Бев фокусиран на бејзбол. На „Беронс“. Имаше таму многу несони ноќи кога само јас и Џорџ постојано разговаравме. И постојано размислував за татко ми, како го сакаше бејзболот, како секогаш разговаравме за тоа. Знаев дека ме гледа, дека тоа го радува. И помислата на тоа ме правеше среќен“, се сеќавал подоцна Џордан во едно од бројните сеќавања.
Но бејзболот не му вратил баш најдобро. Од една страна бил јавно исмеван.
„Последните девет години јас живеев во реалност каде светот лежеше под моите нозе. А сега просто сум просек од пониска лига кој се обидува да се пробие на врвот. Се срамам од својата игра, ме фрустрира тоа што ништо не ми оди, ме излудува сето тоа.
Не се сеќавам ни кога последен пат сум доживеал такви емоции. Се чуствуваш непријатно на терен, не се сеќавам дека сум го имал тоа во некој спорт. Чуствуваш дека не си ништо подобар од другите... А истовремено многу се трудев и се тоа за да изгледам како кловн“.
Но од друга страна имал внатрешен спокој.
„Постојано разговарав со него потсвесно (со татко му). Знаеше да ми каже: „Продолжи да го правиш тоа што го правиш. Не плаши се од неуспех. Еби ги новинарите“. После некако ќе се пошегуваше или ќе се сетеше на некоја приказна како сме играле во дворот. Ова ви дозволува да се одвратите од она што се случува. Го тргнува притисокот“.
Џордан дури и во Чикаго Булс се врати подоцна со број 45 на дресот и со изјава дека не би сакал да носи дрес во кој татко му го гледал на теренот. Имал некој вид недостапна комуникација со другиот свет и само тој сам ги разбирал тие интеракции.
Врската со бејзболот се покажала бескорисна во пракса, но истовремено и своевидно духовно патување во биографијата на кој било епски јунак кој ја напушта комфорната зона и тргнува во потрага по внатрешна хармонија во нови услови.
Неговата појава во бејзболот во масовната свест е вкоренета како апсолутен неуспех. Воглавно поради три компомненти:
1) Поради неговата бесконечна самоиронија на сметка на глупите партии бејзбол - во филмови, во реклами, во интервјуа...
2) Нападна статија во Sports Illustrated со поднаслов „Џордан го брука бејзболор“ и реакција на Џордан (бил навреден од тонот на текстот и веќе никогаш не разговарал со претставници од овој магазин).
3) Статистика: Џордан погодил само 20% додавања, имал 18 промашувања и бил најлош аутфилдер со 11 грешки. Имал 114 удари при 497 обиди што е 23% од просекот на лигата кој бил 16,4%.
Неговото искуство во бејзбол делувало како неуспешен пи-ар обид: јавноста знаела да зборува како еден арогантен лик сакал да стане ѕвезда во националниот спорт број 1.
Но не било така...
Џордан не барал никаква корист и противуслуга од оваа авантура. Штом се прошириле гласини за неговата желба да се проба во бејзбол, Окленд веднаш го контактирал и му спремил место во тимот во најсилната лига на светот МЛБ.
Но Мајкл му останал верен на сопственикот на Булс (и Вајт Сокс) Џери Рејнсдорф, на градот Чикаго и на самите Вајт Сокс. Тој одиграл само неколку ревијални егзибициски натпревари за славните Чикаго Вајт Сокс после што отишол со резервниот тим базиран во Бирмингем и играл во втора лига.
Според квалитетот тој требал да игра во трета лига, но Рајнсдорф сметал дека не постојат услови таму за суперѕвезда како него.
Газда Рејнсдорф на крајот му исплатил кошаркарски договор на Џордан (2 милиони долари за две сезони), а не 850 долари месечно колку што играчите во втора лига земале.
Но претседателот ова го направил со цел да го врати Џордан во кошарката. (Интересно, брзо се нашол на место каде повеќето дипломци кои го посветиле животот на бејзболот не нашле место, а во едно интервју за Њујорк тајмс пред почеток на сезоната, Мајкл го коментирал нескриеното незадоволство на еден млад играч на кого му зел место со доаѓањето: „Му реков дека во животот не оди сè како што сакаме да оди“).