Offside

Спремете се за 25 секунди нестварен финиш во финален пинг понг натпревар, кој пазете, го губи Кинез, инаку поранешен светски првак. Цела сала е во делириум, на победникот не му се верува, а на шведско-кинеската пресметка урлаат француски коментатори.

Колекционерска картичка со автограм од Лука Дончиќ продадена за 4,6 милиони долари

Американците со децении негуваат посебен однос кон колекционерство на картички со потпис од познати бејзбол играчи, кошаркари, фудбалери, рагбисти. Една таква картичка со потпис од Дончиќ продадена за страшна сума.

Во Зоолошка викендов биле 17.000 луѓе, а на стадион не може навивачи

Навивачката подгрупа на Комити под името „Екипа ПИВО - ФКВ“ има добра поента во врска со забраната за фудбал со навивачи. Тие бараат да се отвори барем 10% од капацитетот на стадионот.

Ибра една недела ќе пее и прави шоу на Сан Ремо и паралелно ќе игра за Милан

Навивачите на Милан се прашуваа како настапот на дури 5 фестивалски вечери ќе се одрази на игрите на Ибрахимовиќ во црвено-црниот дрес во остатокот од сезоната, но попладнево клубот објави дека тој поради повреда можеби ќе пропушти 3 меча: Јунајтед, Верона и Удинезе.

Најголемиот фер плеј од пенал во режија на Крањчар

Златко Крањчар пред 10 години беше селектор на Црна Гора, а потоа продолжи со тренерски ангажман во Иран каде го водеше Сепахан. На еден од своите играчи му нареди да промаши пенал, да добро читате, да го промаши, а тоа се случи на меч од азиската ЛШ против Ал Наср.

НБА ѕвездата која верува дека Земјата е рамна и брка зли духови со жалфија

Човекот кој не е разбран речиси од никој поради контроверзните ставови за животот. Важи за еден од најдобрите играчи на денешницата, ама во управата на НБА официјалните лица со чудење гледаат на некои негови потези и дури сметале дека имал „ментални проблеми“.

Еден необичен зицер во полскиот фудбал

Или со други зборови промашување кое многу боли.

Ребиќ даде гол и се истури пред камера од пцуење

Хрватскиот напаѓач ја реши Рома со гол во второ полувреме за конечни 1:2, а потоа го истури бесот некому на јазик за цел балкан да го разбере. Тој си знае на кого. Можеби се тоа критичарите кои сметаат дека Милан нема сили да го следи Интер во трката за Скудето.

Замина голем господин кој неизмерно ги сакаше Хрватска и животот

Голот на Цицо против Ѕвезда ќе се памети додека постои Динамо. Шокантната вест за неговата смрт ги пробуди кај нас сеќавањата на славните времиња.

Приказна за необичниот премин на Јохан Кројф во второлигашот Леванте

Малку е позната приказната за трансферот на легендарниот холандски ас, најдобар играч на светот во свое време, во мал клуб од предградието на Валенсија.

Единствената добра работа која ја направи играч на Јуве во Верона

Италијанските медиуми го ставија на тапет Вестон Мекени затоа што од клупа и фрла опасен поглед на Дилета Леота, а навивачите оставаат реални коментари за една таква атрактивна мета која и нема причина зошто би ја игнорирал кога поминува покрај него.

Коментаторски гаф на Спортклуб

„Челси воли велики, Јунајтед воли мали“, рече коментаторот за време на преносот на англиското дерби, а потоа откако сфати на каде му оди реченицата, само додаде: Овој је јако глупо звучило. Посед се разбира.

Облак, дали си добар?

Словенечкиот репрезентативен голман синоќа во триумфот на неговиот Атлетико Мадрид кај Виљареал 0:2 имаше одбрана која скоро сигурно ќе заврши во топ3 одбрани на крајот од сезоната 2020/2021. Не е нормална оваа реакција:

Кличази на викендот

Фудбалерите на Милан ја совладаа Рома со 1-2 на гости и покажаа дека излегле од мини-кризата по двете нерешени со Црвена звезда и поразот од Специја. Меѓу најзаслужните за триумфот на росонерите беа Томори и Тонали кои спасија чист гол од една акција на Рома.

Стравичен пад на норвешка скијачка

Триумфот на Италијанката Федерика Брињоне на трката во супервелеслалом во италијанскиот скијачки центар Вал ди Фаси остана во сенка на страшниот пад на Кајса Викоф од Норвешка која се заби во заштитна ограда и викаше од болка.

Иле ја реши Фиорентина во 86-та минута

Илија Несторовски конечно доби шанса во прв тим како ретко сезонава и ја реши на најдобар можен начин. Удинезе и Фиорентина одиграа мирољубив натпревар до 86-та минута, а потоа на сцена стапи македонскиот репрезентативец кој му донесе 3 бода на својот тим.

Голот за кој се распали интернет

Нотс Каунти со 3-1 го победи Оксфорд Сити во Националната англиска лига (петта по ред). За домаќинот 2 гола даде белгискиот напаѓач Илаиша Сем а оној за 2-1 најверојатно ќе биде избран за наградата „Пушкаш“.

Фати ме ако можеш

Барселона синоќа ја совлада Севиља со 0:2 на гости. Меси стандардно во елемент со гол и асистенција, а неговите чувари стандардно во очај како да го сопрат. Жоан Жордан имаше фрустрирачки обид.

Епа тогаш во Белград ќе го изведеме корнерот, кој ве врти

Фудбалерите на Црвена Звезда без пораз се елиминирани во Лига Европа и не можат да се помират што судијата на Сан Сиро не им дозволи да изведат корнер во 93-та минута, со образложение дека истекло времето. Но царевите најдоа начин како да го “совладаат“ Милан.

Модриќ не ги заборава првиот трофеј и жената која му ги купи првите копачки

Аталанта сигурно не се израдува кога на ждрепката за топ 16 во Лига на шампиони за противник го доби Реал Мадрид, но затоа се израдува еден локален клуб кој пред 23 години му помогна на Лука, кога тој го освои првиот трофеј како дете. Не се сретнаа, ама се испочитуваа со стил.

Како тоа гол од 50 метри со клизач?

Се залета, се излизга и некако ја закачи и од таа позиција успеа да го лобува голманот од пола терен. Етиопија и сè е можно.

Вилт Чемберлен бил врвен одбојкар и основал одбојкарска лига во Америка

Ѕвездата на НБА во '60-те и '70-те години бил најпопуларен кошаркар на светот. Многу негови рекорди ден-денес не се срушени и се вечни. Но малку кој знае дека имал и огромно влијание врз американската одбојка.

Рики и Адеми на мегдан со Тотенхем, дерби меѓу Милан и Ман.Јунајтед

Иако ќе го личеше на пример да биде и финале, сепак Милан и Манчестер Јунајтед се падна да ги одмерат силите уште во осминафиналето на Лига Европа. Тежок испит за двајцата македонски репрезентативци кои со Динамо Загреб ќе патуваат во Лондон кај Мурињо.

А сега гледајте го како дроби Бруно од Динамо Загреб

Двајцата македонски репрезентативци од Динамо Загреб ќе играат осминафинале во Лига Европа откако го елиминираа Краснодар. Рики како во Спортинг, така и во Хрватска има колега по име Бруно, ама овој се презива Петковиќ и синоќа беше во страшен ритам. „Тешкото“ им го играше на мал простор.

Фер плеј на вечерта кој мора да се награди

Шкотски Ренџерс и белгиски Антверпен одиграа тотално луд двомеч во Лига Европа со дури 14 гола. Првиот дуел во Белгија заврши 3-4 за тимот од Глазгов, кој синоќа славеше со 5-2. Стрелецот на првиот гол Алфредо Морелос пред полувремето имаше фер плеј на сезоната.